Џејн Остин (; родена на – починала на ) — англиски романописец, чиј реализам, остри коментари за општеството и одличната употреба на слободниот индиректен говор, пародијата и иронијата и го овозможиле местото на најчитаната и најсаканата писателка во англиската книжевност.Southam, "Критика, 1870–1940", The Jane Austen Companion, стр 102.

Остин целиот свој живот го мнинала како дел од мало и блиско семејство сместено во пониските класи на англиското ситно благородништвоLascelles, 2; for detail on "lower fringes", see Collins, ix–x.. Првенствено таа била образувана од страна на нејзиниот татко и постар брат, како и преку нејзиното самостално читање. Безрезервната поддршка од страна на нејзиното семејство била важна при развивањето на Остин како професионален писател.Lascelles, 4–5; MacDonagh, 110–28; Honan, 79, 183–85; Tomalin, 66–68. Уметничкото надоградување на Остин траело од адолесцентските години па сè до нејзината триесет и петта година. Во овој период, таа експериментирала со различни книжевни форми, вклучувајќи го и епистоларниот роман кој таа прво го пробала, но подоцна го напуштила и напишала и значително преработила три големи романи и почнала четврт. Од 1811 па сè до 1816 година, со издавањето на „Разум и чувства“ (1811), „Гордост и предрасуди“ (1813), „Паркот Менсфилд“ (1814) и „Ема“ (1816), таа постигнала успех како писател кој бил издаван. Таа дополнително напишала два романи, „Опатијата Нортангер“ и „Убедување“, кои биле посмртно издадени во 1818 година и го започнала третиот, кој на крајот го добил името „Сандитон“, но починала пред да успее да го заврши истиот.

Делата на Остин го критикуваат романот на чувствата од втората половина на XVIII век и се дел од преминот кон реализмот на XIX век. Делата на Остин, иако главно комично, ја нагласуваат зависноста на жената од бракот за да обезбеди положба во општеството и економска безбедност. Како и оние на Семјуел Џонсон, едно од најсилните влијанија во нејзиното творештво, нејзините дела се однесуват на моралните прашања.

За време на животот на Остин, бидејќи таа одлучила да ги издава анонимно, нејзините дела ѝ донеле малку лична слава и само неколку позитивни критики. Во средината на XIX векLitz, 3–14; Grundy, "Jane Austen and Literary Traditions", The Cambridge Companion to Jane Austen, 192–93; Waldron, "Critical Responses, Early", Jane Austen in Context, стр. 83, 89–90; Duffy, "Criticism, 1814–1870", The Jane Austen Companion, 93–94., на нејзините романи и се восхитувале само членовите на книжевната елита. Сепак, издавањето на „Мемоарите на Џејн Остин“ од страна на нејзиниот внук во 1869 година ја претставила на пошироката јавност како привлечна личност и го поттикнало јавниот интерес за нејзините дела. До 1940-тите години, Остин била нашироко прифатена во академијата како „голем англиски писател“. Втората половина на XX век забележала распространување на научното интересирање за Остин, кое истражувало многу аспекти на нејзините романи: уметнички, идеолошки и историски. Во популарната култура, се развивала култура на обожавателите на Џејн, фокусирана на животот на Остин, нејзините дела и различните филмски и телевизиски адаптации.

Животопис Биографските информации кои се однесуваат на Џејн Остин се како што е познато недоволни, според некој биографФергус, "Биографија", Џејн Остин во контекст, 3–4.. Останати се само неколку лични и семејни писма (според некој само 160 од 3,000 писма на ОстинLe Faye, "Писма",Џејн Остин во контекст, 33.) и нејзината сестра Касандра (до која биле адресирани поголемиот дел од писмата) го запалила поголемиот дел од оние кои таа ги имала и ги цензурирала оние кои не ги уништилаLe Faye, A Family Record, 270; Nokes, 1.. Другите писма биле уништени од страна на наследниците на адмиралот Франсис Остин, братот на Џејн.Le Faye, A Family Record, 279.. Поголемиот дел од биографските материјали кои биле собирани во периодот од 50 години после нејзината смрт, биле напишани од страна на нејзини роднини и ја одразувале склоноста на семејството во корист на „добрата и тивка тетка Остин“. Оттогаш научниците имаат откриено многу малку нови информации.

Семејство thumb|upright|Силуета на Касандра Остин, сестра на Џејн и нејзин најблизок пријател Таткото на Џејн Остин, Вилијамс Џорџ Остин (1731 - 1805) и неговата жена Касандра (1739 - 1827), биле членови на влијателните семејства од ситнато благородништвоХонан, 29–30.. Џорџ бил потомок на семејство кои биле производители на волна и кои преку својата професија напредувале до ниските редови на земјопоседниците.Хонан, 11–14; Такер, "Семејството на Џејн Остин", The Jane Austen Companion, 143.. Касандра била член на истакнатото семејство Ли. Од 1765 па сè до 1801 година, или голем дел од животот на Џејн, Џорџ Остин служел како пастор на Англиканската парохија Стивентон, Хенмшир и блиското селоИрина Колинс проценува дека кога Џорџ Остин ја презела должноста како ректор во 1764, Стивентон бил составен не повеќе од околу триесет семејства. Колинс, 86.. Од 1773 па до 1796 година, тој го зголемил овој приход од земјоделство а и учел 3 или 4 деца во исто време и кои биле сместени во неговиот домХонан, 14, 17–18; Колинс, 54..

Најблиското семејство на Остин било големо и вклучувало 6 браќа и една сестра: Џејмс (1765-1819), Џорџ (1766 – 1838), Едвард (1767-1852), Хенри Томас (1771-1850), Франсис Вилијамс (Франк) (1774-1865), Чарлс Џон (1779-1852) и Елизабет Касандра (1773-1845), која исто како и Џејн починала немажена. Елизабет Касандра и била најблиска пријателка и интимна другарка на Џејн во текот на целиот живот.Фергус, "Биографија", 3; Томалин, 142; Хонан, 23, 119.. Од сите нејзини браќа, Остин била најблиска со Хенри, кој бил банкар, но откако неговата банка пропаднала тој станал англикански свештеник. Хенри исто така бил и книжевен застапник на неговата сестра. Неговиот голем круг на пријатели и познаници во Лондон меѓу кои и банкари, трговци, издавачи, сликари и глумци и понудиле на Остин поглед на општествените светови кои нормално не биле видливи од малата парохија во руралниот ХенмширМекдонаг, 50–51; Хонан, 24, 246; Колинс, 17.. Џорџ бил пратен да живее со некое локално семејство уште на рана возраст, бидејќи како што опишал Ла Фај, биографот на Остин, бил „ментално зостанат и бил подложен на исмевањеЛа Фај, Family Record, 22.“. Тој исто така можеби бил глув и нем. Чарлс и Франк служеле војска и двајцата стигнале до чинот адмирал. Едвард бил посвоен од страна на неговиот четврт братучед, Томас Најт и го наследил неговото земјиште и го зел неговото име во 1812 годинаTucker, "Jane Austen's Family", 147; Le Faye, Family Record, 43–44..

Детство и образование мини|лево|Парохијата Стивентон, како што било опишано во автобиографското дело „Мемоар на Џејн Остин“, се наоѓала во долина и била опколена со ливади.Le Faye, Family Record, 20.

Остин е родена на 16 декември 1775 година во Парохијата Стивентон и јавно била крстена на 5 април 1776 година. После неколку месеци поминати дома, нејзината мајка ја сместила со Елизабет Литлвуд, жена која живеела во близина и која ја растела и се грижела за Остин околу година или 18 месециТомалин, 7–9; Хонан, 21–22; Колинс, 86; Ла Фај, Family Record, 19. Ле Феј и Колинс додаваат дека семејството Остин го следело овој обичај за сите нивни деца.. Во 1783 година, согласно со семејната традиција, Џејн и Касандра биле пратени во Оксфорд за да бидат подучувани од страна на госпоѓа Ен Каули и подоцна истата година заедно со неа се преселиле во Саутемптон. Двете девојки фатиле тифус и Џејн за малку што не умрела.Le Faye, Family Record, 47–49; Collins, 35, 133.. Остин подоцна била подучувана дома, сè додека не заминале со нејзината сестра во интернат на почетокот на 1785 година. Наставната програма веројатно ја сочинувале француски јазик, правопис, шиење, танцување и музика и можеби драма. До декември 1786 година, Џејн и Касандра се вратиле дома бидејќи Остинови не можеле да си дозволат да ги пратат двете девојки во школо. Остин го стекнала остатокот од своето образование читајќи книги, надгледувана од страна на нејзиниот татко и нејзините браќа Џејмс и Хенри. Џорџ Остин изгледа на двете ќерки им дозволил неограничен пристап во неговата голема и разновидна библиотека, бил толерантен во однос на ризичните експериментирања во пишувањето на Џејн и ги снабдувал двете сестри со скапа хартија и други материјали за нивните книжевни дела и цртежи. Според Парк Хонан, биографот за Остин, животот во домот на семејството Остин бил „отворен, интересен и имало лесна интелектуална атмосфера“, каде идеите на оние со кои Остинови не се согласувале политички и општествено биле разгледувани и дискутирани. После нејзиното враќање од школо во 1786 година, Остин никогаш повеќе не живеела надвор од границите на нејзиното непосредно семејно опкружување.Томалин, 9–10, 26, 33–38, 42–43; Ла Феј, Family Record, 52; Collins, 133–34..

Приватните театри исто така биле дел од нејзиното образование. Од периодот кога таа имала 7, па до нејзината 13. година, семејството и најблиските пријатели поставиле неколку претстави, меѓу кои и „Соперници“ на Ричард Шеридан и „Бон Тон“ на Дејвис Гарик. Иако не е познато, Остин веројатно земала учество во овие активности, најпрво како набљудувач а подоцна кога била повозрасна и учествувала во нивLe Faye, "Chronology", 2–3; Tucker, "Amateur Theatricals at Steventon", The Jane Austen Companion, 1–2; Byrne, 1–39; Gay, ix, 1; Tomalin, 31–32, 40–42, 55–57, 62–63; Honan, 35, 47–52, 423–24, n. 20.. Повеќето претстави биле комедии, кои на еден начин предлагале како комичните и сатиричните таленти на Остин да бидат обработениHonan, 53–54; Lascelles, 106–07; Litz, 14–17..

Младост thumb|Портрет од Хенри IV. Се верува дека најрано во 1787 година, Остин почнала само за забава да пишува поеми, приказни и драми за себеси и за нејзиното семејство.Le Faye, Family Record, 66; Litz, "Chronology of Composition", The Jane Austen Companion, 48; Honan, 61–62, 70; Lascelles, 4.. Остин подоцна ги составила „верните копии“ на 29 од нејзините првични дела во 3 поврзани бележници, кои денеска се познати под името Младост, кое содржи дела кои оригинално биле напишани во периодот помеѓу 1787 и 1793 година.Honan, 62–76; Le Faye, A Family Record, 270.. Постои ракопис како доказ дека Остин продолжила да работи на овие дела и подоцна во периодот од 1809 до 1811 година и дека нејзините внуци, Ана и Џејмс Едвард Остин, подоцна ги собрале во 1814 годинаSutherland, 14; Doody, "The Short Fiction", The Cambridge Companion to Jane Austen, 85–86.. Помеѓу овие дела има и сатиричен роман напишан во писма насловен „Љубов и пријателство“, во кој таа ги исмева популарните романи на чувствата и ракописот „Историја на Англија“, кој се состои од 34 страни придружени со 13 минијатури во акварел нацртани од страна на нејзината сестра Касандра,Litz, 21; Tomalin, 47; Honan, 73–74; Southam, "Juvenilia", The Jane Austen Companion, 248–49..

Историјата на Остин ги исмејува популарните историски дела, особено Историјата на Англија (1764) на Оливер Голдсмит.Honan, 75.. На пример, Остин напишала:

Според научникот Ричард Џенкинс, Остиновата „Јувенилија“ била „жестока“ и „анархична“ и ја споредил со работата на романописецот од XIX век, Лоренс Стерн и со комичната група од XX век, Монти ПајтонJenkyns, 31..

Зрелост