Бошко Ѓуровски (28 декември 1961, Жилче, СР Македонија, СФРЈ) - поранешен југословенски и македонски фудбалер и македонски тренер.
Животопис Бошко Ѓуровски е постар брат на фудбалерот Милко Ѓуровски.
Професионална кариера Својата кариера, Ѓуровски ја започнал во ФК „Тетекс“ од Тетово, а настапувал и во ФК „Црвена Ѕвезда“ и ФК „Сервет“. По крајот на својата кариера, работел како тренер и асистент во повеќе клубови, а од 1 јануари 2014 година бил селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. По лошите резултати на репрезентацијата, на 7 април 2015 година, Управнито одбор на ФФМ одлучил предвремено да го раскине договорот со Ѓуровски, а за тоа нему му била исплатен надомест од 21.000 евра.„ФФМ раскина со Ѓуровски“, Утрински весник, година XVI, број 4754, среда, 8 април 2015, број, стр. 23.
Наводи
Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Фудбалери од Тетово Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалски тренери од Тетово Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Сервет Категорија:Жилче