Рене Жил Лалик (; 6 април 1860 – 1 мај 1945) — француски дизајнер на стакло и накит, којшто работел во областа на декоративните уметности и е познат по неговите изработки од обоено стакло во арт нуво стил. Најпознати се неговите шишенца за парфем, вазни, накит, лустери, часовници, а кон крајот на животот и орнаметални фигури за автомобилски радијатори. Компанијата што ја основал работи и денес.
Неговото име се поврзува со креативноста и квалитетот, бидејќи секогаш дизајнирал раскошни, но истовремено и дискретни предмети.
Галерија
Категорија:Француски дизајнери Категорија:Погребани на гробиштата „Пер Лашез“ Категорија:Починати во Париз