Александра Константиновна Костењук (рус. Александра Константиновна Костенюк, р. 23 април 1984 во Перм) е руска шахистка, велемајстор и поранешна светска првенка во шах.

Шаховска кариера Александра научила да игра шах на 5 години, а нејзин учител бил нејзиниот татко. Таа има помлада сестра Оксана, која е женски ФИДЕ мајстор.

Нејзината шаховска кариера е исполнета со значајни шаховски достигнувања. Во 2001, на 17 години, таа беше финалист на женското светско првенство во шах, но загуби од Џу Чен. Три години подоцна, таа стана европска првенка, победувајќи на турнирот во Дрезден. Во 2005, таа победи на женското првенство во шах на Русија, кое се одржа во Самара, завршувајќи го тувнрот со резултат +7 =4 -0. Во август 2006, Александра стана првата светска првенка во случаен шах, победувајќи ја најдобрата германска шахистка Елизабет Пец со 5.5-2.5. Во 2008, таа успешно ја одбрани титулата, победувајќи ја Катерина Лано со 2.5-1.5.ChessBase.com - Chess News - Mainz 2008 Kosteniuk wins Chess960, Rybka and Shredder qualify Но, сепак најголемиот свој успех, Костењук го постигна во 2008, кога победувајќи го кинеското „чудо од дете“ Хоу Јифан со 2.5-1.5 стана светска првенка во шах. 150п|мини|десно|Александра на 35. шаховска олимпијада во Блед во 2002 Во ноември 2004, Костењук стана велемајстор, со што стана десеттата жена која ја добила оваа титула. Пред тоа, таа ги имаше титулите женски велемајстор и меѓународен мајстор. Во април 2006, таа го достигна највисокиот рејтинг во кариерата, од 2540.

Двете изреки на Костењук се „шахот е кул“ и „убавината и интелигенцијата одат заедно“. Со ова, Костењук го промовира шахот со капацитет на модна убавица и амбасадор на шахот во светот.Alexandra Kosteniuk's Photo Albums

Таа исто така е сопственик на популарната подкастинг податотека „Шахот е кул“, која на читателите им дава информации за сите новости во нејзиниот живот и сите шаховски достигнувања.

Личен живот Костењук е омажена за Швајцарецот Диего Гарсес, кој е од колумбиско потекло и е 25 години постар од неа.Various photos of Frascati На 22 април 2007, Александра роди ќерка, Франческа Марија. Франческа се роди 2,5 месеци порано, но по осумнеделното лекување од болница, успешно беше пуштена.

Александра и нејзиниот сопруг живеат во предградието на Мајами Ки Бискејн. Таа е споредувана со нејзината сонародничка, тенисерката Ана Курникова, што неа лично не и се допаѓа. Александра и нејзиниот сопруг Диего, се исто така блиски и со шаховската куќа на славните во западен Кендал, каде таа е вистинска ѕвезда.World chess queen plots her next move - Living - MiamiHerald.com

Официјалното мрежно место на Александра Костењук е одржувано од страна на нејзиниот сопруг и ги содржи сите шаховски настани, на кои таа учествува и ги нуди сите информации поврзани со неа.

Антологиски шаховски партии Александра Костењук - Александра Онишчук, Вајк ан Зее, група B, 2005, Шпанска партија, Класична варијанта (C65), 1-0 Ана Ушенина - Александра Костењук, Женско светско првенство во шах, 2008, Нимцо-индиска одбрана, Класична варијанта, Варијанта Ноа (E34), 0-1

Шаховско творештво

Как стать гроссмейстером в 14 лет. Moscow, 2001. 202, с., л. ил. ISBN 5-89069-053-1. Как научить шахматам : дошкольный шахматный учебник / Александра Костенюк, Наталия Костенюк. Moscow : Russian Chess House, 2008. 142 с ISBN 978-5-94693-085-7.

Наводи

Надворешни врски

Орфицијално мрежно место Интервју со велемајсторот Александра Костењук на мрежното место LatestChess Фотографии на Костењук

Костењук опобеди на светското првенство во брзопотезен шах ChessBase: Александра Костењук е светска првенка во шах Прогласувањето на Александра Костењук во светска првенка во шах Шаховски подароци на Александра Костењук

Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Руски шахистки Категорија:Светски првенки во шах Категорија:Живи луѓе