Христо Крстевски (1941, Струмица - 2013, Штип) — македонски поет, раскажувач, романописец и есеист.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 130 - 131 Тој исто така бил виолинист, пејач, композитор, и новинар.

Животопис лево|мини|263x263пкс Крстевски е роден во Струмица на 8 март 1941 година, во семејството на селски учители, како второ дете, од вкупно пет деца. Во 1948 година, тој тргнал на училиште во Струмица. Неговата прва учителка била Александра Гаврилова. Во 1949 година, тој се преселил во Штип, бидејќи татко му станал главен инспектор на Околискиот одбор за школство. Тие живееле во маалото Стар Конак. Во тамошното училиште, учителка му била Костадинка Балабанова. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Во 1956 година, тој заминал за Скопје, во Средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“. Таму учел виолина кај Крстевски и Барили, и го примиле веднаш во првата година без задолжителните два подготвителни испити. Имал и јавни настапи нешто подоцна. На еден од нив, тој го свирел првиот став од виолинскиот концерт на Менделсон, во е-мол. Истата година, поради исклучително тешките услови во домот кај Треска, тој бил принуден да го напушти училиштето и се вратил назад во родителскиот дом. Кон крајот на школската година, тој бил исклучен од гимназијата „Јане Сандански“ поради недисциплина. Истата година, засекогаш ја напуштил Струмица, заедно со целото свое семејство. Во 1958 година, тој се преселил во Скопје. Поради неговата пејачка дарба, тој бил забележан на едно младинско натпреварување во Охрид, од страна на Бојан Адамиќ, и по препорака на легендарниот маестро, тој станал пејач на Радио Скопје, истата година. Истовремено, тој учел во гимназијата „Јосип Броз Тито“ и повторно ги посетувал часовите во средното музичко училиште, кое се наоѓало токму од спротивната страна на улицата „Илинденска“. Во 1961 година, на фестивалот „Златен Микрофон“ во Белград, тој ја претставува Македонија и успеал да се пробие до финалето помеѓу 60-тина пејачи од Југославија. Во финалето, заедно со Лола Новаковиќ, Аница Зубовиќ, Нада Кнежевиќ, Тереза Кесовија, Сенка Велетанлиќ и други, оставајќи ги зад себе големите имиња од естрадата, Душан Јакшиќ, Цуне Гојковиќ, Нина Спирова и други. Во тоа време, тој го напишал текстот за „Еден бакнеж“, „Ноќеска шумеа брезите“ и други мелодии. Во 1969 година, тој пеел на Скопскиот фестивал на забавни мелодии. Тогаш тој се запишал книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој дипломирал со натпросечен успех. Во 1980 година, тој во Белград го понудил својот прв роман на тамошната издавачка куќа „Просвета“. Тогаш, тој остварувал контакти со Митко Манџуков, Момо Капор и со низа други познати писатели. Се допишувал и со Оскар Давичо. мини|220п|Крстевски (лево) на претставување на збирката песни „Тигар“ (дело на Маријан Билосниќ) во Скопје. мини|220п|Крстевски во 2012 година. Во есента 1982 година, Крстевски го издал својот прв роман „Жестина“ кај издавачот Божин Павловски, и тогаш тој добил многу позитивни критики од страна на читателите, како и од книжевните критичари. За тоа дело, тој ја добил Наградата „Стале Попов“, но по упорното настојуање на еден од петчленото жири (Гане Тодоровски), уште еден добитник го добил признанието. Поради тоа, Христо Крстевски доброволно се откажал од наградата. Потоа, тој ги објавил книгите „Раскази од Равен“, „Лавиринти“ (есеи), „Тереза Хум“ (роман во мисла) и „Наша книга“. Тој станал член на ДПМ во 1989 година. Во 1990 година, Македонска книга го објавила неговиот краток роман „Циганско лето“. Во 1991 година, со неговото дело „Нови ветришта од Равен“, тој победил на конкурсот на Ѓурѓа. Во 1992 година, Култура му го објавила делото „Кралицата на гроздоберот“. Во 1994, Крстевски основал своја сопствена издавачка куќа, наречена Ктитор и таму ги објавил делата „Виртуоз“, „Звучна игра“, „Скротителот“, „Времеубиец“, „Карневалите во Македонија“. Во раздобјето помеѓу 2000-2010 година, кај разни издавачи (Култура, Детска радост, Македонска реч, Макавеј, Слово, Арлекин и други), биле објавени делата: „Гнила кобила“, „Крајот на векот“, „Rotten Mare“ (на англиски), „Равенска трилогија“, „Равенски етиди – Азра Морич и каскадерот“, „Пасија по Матеј“, „Столбови на модерната“, а во одделни изданија, во Хрватска бил објавен романот „Циганско лето“ на хрватски, во Бугарија „Виртуоз“ на бугарски, како и книгата која служела како избор на неговото творештво, под наслов „Ветришта над Равен“, на англиски јазик, во рамките на едицијата „130 дела на македонската книжевност“. Во 2006 година, тој ја добил Наградата „Мајка Тереза“.

Работел во Собранието на Општина Штип.

Македонскиот поет и критичар Бранко Цветкоски за Крстевски напишал:

Венко Андоновски за Крстевски рекол:

Книжевни дела Жестина (роман, 1982) Раскази од Равен (раскази, 1985) Циганско лето (роман, 1986) Лавиринти (есеи, 1987) Тереза Хум (роман, 1988) Нови ветришта од Равен (раскази, 1991) Кралицата на гроздобер (роман, 1992) Виртуоз (роман, 1994) Времеубиец (кратки раскази, 1994) Скротителот (раскази, 1994) Карневалите во Македонија (студија, 1994) Звучна игра (роман, 1997) Роттен маре а новел (роман, 2000) Гнила кобила (роман, 2000). Добитник е на наградата „Ѓурѓа“. Равенска трилогија (роман / ја добила најзначајната награда на државно ниво „Мајка Тереза“) Столбови на модерната (есеи) Ветришта над Равен (избрани раскази) Љубовници и папагали (раскази) Равенски етиди(раскази, 2008) Пасија по Матеј

Наводи

Надворешни врски Равенска трилогија

Категорија:Родени во 1941 година Категорија:Починати во 2013 година Категорија:Писатели од Струмица Категорија:Починати во Штип Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски есеисти Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонски пејачи Категорија:Југословенски пејачи Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „Мајка Тереза“ Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје