Смиле Наумовски - Брсјак (р. ) — македонски поет и раскажувач. Весник „Нова Македонија“ број 21739, 16. 07. 2009 „Охридски роднокрајни писатели во Софија“
Животопис Наумовски е роден во 1951 г. година во Годивје, Охридско. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работeл како наставник по македонски јазик во Охрид. Станал член на ДПМ во 1995 година.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 176. Добитник е на наградата „Студентски збор“ за најуспешна дебитантска книга за 1978 година.Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002 и добитник на награда за најдобар расказ на државно ниво во 2007 година, на конкурсот по повод 20-годишнината од смртта на Живко Чинго. Негови песни се преведувани на српски, хрватски, албански, бугарски и италијански, а со расказ е застапен во антологијата на македонски раскази на руски јазик издадена во 2009 година во Москва.
Објавени дела Елементи (поезија, 1978) Ковачница (поезија, 1992) Ѕунка (поезија, 1996) Девојката со флејта (раскази, 2000) Небесна свадба (избор поезија, 2001) Забранета книга (поезија, 2011) Зборовите гром и веда: совршенство или совршенство (поезија, 2019)
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Годивје (Охридско) Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Југословенски писатели Категорија:Добитници на наградата „Студентски збор“ Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје