мини|Внатрешност на Кордопската џамија - катедрала, порано Голема џамија на Кордоба. Оригиналната џамија (742), бидејќи е многу зголемена, била изградена на местото на визиготската христијанска „базилика Свети Винсент“ (600). ел-Андалус (; ; ; ; ; или Вандалус), наречена и муслиманска Шпанија или Исламска Иберија — арапски назив за деловите од Пиринејскиот Полуостров кои биле под власта на муслиманите односно под Маврите во периодот од 711 до 1492 година. Треба да се напомени дека овој поим нема исто значење со денешна Андалусија.

Од 711 година, територијата на денешна Шпанија и Португалија била завладеана од страна на народ кој оставил големо културно значење на овие простори. Сепак, владеењето на Маврите се одликувало со голема толеранција кон местното население. По создавање на Кралство Кастиља и Кралство Арагон, започнал процесот на постепено прогонување на муслиманскиот свет од полуостровот, и повторно завладување на овие простори од страна на христијанското население. Овој процес исто така е познат ѝ како реконквиста. Арапите во текот на XIII век и XIV век започнале да се повлекуваат кон Гранада. Целосното исцрпување од островот завршило во 1492 година, по кое била создадена нова европска велесила, Шпанија.

Категорија:Историја на исламот Категорија:Андалусија Категорија:Историја на Португалија Категорија:Држави и територии настанати во 711 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1492 година Категорија:Поранешни држави на Пиринејскиот Полуостров