Васо Николоски (роден на ) — македонски поет.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 183.
Животопис Васо Николоски е роден на 20 март 1955 година во Балин Дол, Гостиварско. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Тој работел како библиотекар во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Тој станал член на ДПМ во 1989 година. Автор е на книгите: Пожари (поезија, 1983), Дното на Ахеронт (поезија, 1987, Проколнато Дрво (поезија, 2001), Часовничарот (поезија, 2010). Добитник е на наградата „Студентски збор“ за дебитантска книга на Струшки вечери на поезијата. Застапен е во многу поетски антологии. Неговите дела биле преведувани на: англиски, полски, бугарски, српски, хрватски, албански и турски јазик.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Балин Дол Категорија:Македонски поети Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонски библиотекари Категорија:Југословенски библиотекари Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“