Националниот парк Вестленд Таи Поутини (англ. Westland Tai Poutini National Park) се наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Основан е во 1960, по повод стогодишнината од европското населување на регионот Вестленд. Зафаќа површина од и се протега од највисоките врвови на Јужните Алпи, па до диво изолирано крајбрежје.

Паркот има ледници, живописни езера и густа умерена дождовна шума, како и остатоци од стари рударски гратчиња долж крајбрежјето.

Националниот парк Вестленд нуди добар лов на елени, дивокози и тарови. Ловците доаѓаат до непристапните предели со хеликоптер. Спротиводно од мостот на реката Карангаруа, паралелно на неа се извива познатата Коплендска Патека. Покрај планинските пејзажи, во паркот има и топли извори кај Велкам Флет Хат.

Надворешни врски Информации за националниот парк Вестленд Таи Поутини — Служба за заштита на природата

Вестленд Таи Поутини Категорија:Западно Крајбрежје (Нов Зеланд)