мини|десно|Евтин вид на пенкало. Пенкало или стило — предмет кој остава трага од мастило на подлогата, најчесто на хартија. Има повеќе видови пенкала, а покрај обичното пенкало, познато е уште и течното пенкало кое исто така има мастило, но тоа е потечно отколку кај обичните. Пенкалата најчесто се направени од пластика или од метал.

Поимот „пенкало“ доаѓа од пронаоѓачот на „автоматското наливно перо“ — хрватскиот претприемач од полско-холандско потекло Едуард Славољуб Пенкала (1871-1922).

Поврзано Молив

Наводи

Категорија:Прибор за пишување Категорија:Канцелариски материјали