мини|Првото абдицирање на Наполеон, одржано во дворецот Фонтенбло на 4 април 1814 година
Абдикација (лат. abdicatio = одрекување, одбивање; од ab - од далеку, и dicare, да изјави, да прогласи како да не му припаѓа) — чин на откажување и истапување од официјална служба, особено од врховна служба во државата.
Во римското право поимот исто така се применува за откажување од член на семејството, на пример откажување наследство на синот. Терминот обично се применува за монарси или оние кои официјално се крунисани.
Денес соодветниот израз за избрана или именувана функција е официјална оставка.
Познати абдицирања
305 — Диоклецијан 1196 — Стефан Немања 1399 — Ричард II 1444 — Мурат II 1556 — Карло V, (цар на Светото Римско Царство) 1567 — Марија I Шкотска 1654 — Кристина Шведска 1724 — Филип V Шпански 1759 — Карло VII Неаполски 1806 — Франц II, (цар на Светото Римско Царство) 1808 — Карло IV Шпански 1814 — Наполеон Бонапарт 1815 — Наполеон Бонапарт 1830 — Карло X Француски 1858 — Александар КараѓорѓевиќАбдицирање на српските кралеви (срп.) 1870 — Изабела II Шпанска 1873 — Амадеус I Шпански 1893 — Лилиуокалани 1917 — Николај II, последниот цар на Русија 1936 — Едвард VIII 2024-Маргарета II
Наводи
Категорија:Владетели Категорија:Монархија Категорија:Историја на папството Категорија:Латинизми