Драган Геров (Тетово, - Скопје, ) — припадник на првата генерација македонски современи повоени новинари.

Животопис

Роден е во Тетово на 7 октомври 1923 година. Во јули 1944 година како член на АГИТПРОП при Главниот штаб на НОВМ, тој го подготвувал Првото заседание на АСНОМ. Од 1950 г. е еден од уредниците на „Спортски глас“, а наредната година преминал во Радио Скопје каде што останал сè до пензионирањето во 1985. Бил долгогодишен уредник и коментатор во Надворешно-политичката редакција и во еден мандат главен уредник на Информативно-политичката програма на Радио Скопје. Во периодот од 1975 до 1980 бил дописник на Радио Скопје од Варшава. Починал во Скопје на 22 јуни 2004 година.

Наводи

Категорија:Македонски новинари Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Починати во Скопје