Знамето на Демократска Народна Република Кореја било усвоено на 8 септември 1948 година како национално знаме на државата. Првичното усвоено знаме на Северна Кореја било набрзо редизајнирано за да добие покомунистички карактер како додавање на црвена петокрака на бел диск.

Традиционалното корејско знаме е црвено, бело и сино. Владата во Северна Кореја со мали модификации во боите и дизајнот го создале денешното знаме и го додале белиот диск со црвената петокрака. Белиот диск го претставува тегокот кој се наоѓа на јужнокорејското знаме. Црвената боја ја означува револуцијата и комунизмот, сините линии ги означуваат суверенитетот, мирот и пријателството. Белата боја означува чистота.

Галерија

Наводи

Поврзано Грб на Северна Кореја Северна Кореја Знаме на корејското обединување Знаме на Јужна Кореја

Категорија:Национални симболи на Северна Кореја Категорија:Знамиња на Северна Кореја К