Хиџет Рамадани (алб.: Hixhet Ramadani Лисец, тетовско, - , Скопје) — македонски и југословенски правник и политичар.

Животопис Рамадани е роден во тетовското село Лисец на 2 октомври 1924 година. Бил учесник во НОАВМ од 1944 година како инструктор на Околискиот комитет на СКОЈ во Тетово. По Ослободувањето бил учител (1945-1955), член на КПМ од 1947, референт на Околискиотнароден одбор во Тетово, претседател на Народниот одбор на Општината Сараќино, секретар и претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ и секретар на Околискиот комитет на СКМ во Тетово до 1966 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Бил член на ЦК на СКМ од 1965, претседател на Комисијата за општествено-економски односи во општествено-политичките заедници и член на Претседателството на ЦК на СКМ од 1966 година. Повеќепати бил избиран за републички пратеник, потпретседател на Собранието на СРМ, член на Советот на Федерацијата во 1970 и член на Претседатеслтвото на СРМ од 1974 година. Починал во Скопје во 1990 година.

Наводи

Категорија:Лисец Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски правници Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Луѓе од Тетово