Јахја Рефики некаде Рефик Јахја (албански: Jahija Refiki, , - , ) нарекуван „Волкот од Лисец“ ― македонски скијач.

Биогрфија Рефики е роден во тетовското село Лисец на 10 октомври 1937 година. Бил член на Скијачкиот клуб „Љуботен“ во Тетово. Повеќепатен пионерски (1946–1951), младински (1951–1955) и сениорски (1955–1966) првак на Македонија. На Првенството на Југославија на Јахорина (Сараево, БиХ, 1954), освоил прво место за младинци во слалом, а на Крањска Гора (Словенија, 1955) освоил трето место. За репрезентацијата на Југославија настапил неколкупати. Тој бил избран за најдобар спортист на Македонија во 1954 година и е добитник на повеќе општествени признанија. Рефики бил член во Македонскиот олимписки совет.

Починал на 24 јануари 2019 година во Тетово.

Наводи

Категорија:Луѓе од Лисец Категорија:Македонски скијачи Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски скијачи Категорија:Југословенски Албанци