Мрморец или тритон (лат. Triturus) — род од редот опашестите водоземци (Caudata; Urodela), кои се помали од дождовниците (Salamandra). Во времето на парењето, мажјакот развива кожен набор на грбната страна, кој може да помине и на опашката, по што јасно се разликува од женката. Некои видови живеат постојано во вода, а други само при парењето и полагањето на јајца, а потоа се повлекуваат на копно, каде што и презимуваат.
Кај нас живеат 4 видови мрморци, и тоа се: планински мрморец (Triturus alpestris), македонски мрморец (Triturus carnifex macedonicus), балкански мрморец (Triturus karelinii) и мал мрморец (Triturus vulgaris)
Извор
Категорија:Водоземци