Вртолом (, Агиос Вартоломеос; до 1928 г. Βαρθολομαίος, ВартоломеосΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βαρθολομαίος -- Άγιος Βαρθολομαίος, до 1926 г. Βαρθολώμ, ВартоломΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βαρθολώμ -- Βαρθολομαίος) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 172 жители (2011).

Потекло на името Селото е наречено според празникот Вртолом во чест на Свети Вартоломеј, кое подоцна е преосмислено според поимите врти и лом, поради врнежите што се случувале на тој ден.

Географија и местоположба Селото се наоѓа 9 км источно од Лерин и 5 км источно од Кучковени, во јужниот дел на Леринското Поле, на надморска височина од 670 м.

Историја Според Тодор Симовски, селото било исклучиво македонско сè до почетокот на XIX век, кога месното население било истерано од Албанци муслимани, кои потоа им ги презеле имотите.

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Вртолом како македонсконарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика село.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вртолом (Vrtolom) е село во Леринската Каза со 300 домаќинства, од кои 540 жители Македонци и 500 жители муслимани.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83. Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 125 македонски и 80 муслимански домаќинства,Веркович, Стефан. Топографическо-этнографический очерк Македонии, СПб, 1889. но Симовски смета дека Верковиќ е во грешка, бидејќи во ова време населението веќе било целосно албанско.

На почетокот на XX век Вртолом е заведено како чисто албанско село во Леринската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 360 жители, сите Албанци муслимани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 250.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вртолом се води како чисто албанско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 60 куќи.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 434 жители. Според пописот од 1920 г., во Вртолом живееле 487 жители, но со Лозанскиот договор од 1924 г., но и пред него, целото население, како муслиманско, е преселено во Турција и на негово место се доведени грчки доселеници од Источна Тракија и Кавказ.Симовски, Тодор. Населените места во Егејска Македонија, Скопје, 1998. Во 1928 г. Вртолом е преименуван во Агиос Вартоломеос. Истата 1928 г. селото е евидентирано како чисто доселеничко, со 353 жители (94 семејства).

Со истражувањето спроведено во 1993 г. утврдено е дека селото е чисто „бегалско“, а понтискиот грчки во него е слабо зачуван.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Цркви Во селото има повеќе цркви:Портал на поранешната општина Кучковени

„Свети Вартоломеј“ (главна) „Света Петка“ „Свети Вартоломеј“ (друга со исто име) „Свети Архангел Михаил“ „Вознесение Христово“

Население Со текот на децениите, селото покажува намалување на населението, што претежно се должи на иселувањето во големите градски центри и преселбата во странство.

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Кучковени со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Вртолом, каде спаѓа и селото Станица Баница.

Стопанство Главни производи на населението се житото и тутунот.

Наводи

Категорија:Лерин