П’пли или Попли (, Левконас; до 1926 г. Πόπλι, ПоплиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πόπλη - Λευκώνας) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 123 жители (2021).
Потекло на името Како селото го има добиено името не е точно познато. Според полскиот истражувач Пјанка кој со неговото истражување доаѓа до основни значења на зборот за името на селото (се мисли за времето на османлиското владеење), односно тој дознава дека селото се издигнувалo паралелно со другите долнопреспански села и зборот значел „папок“ или, пак, папочно врзани за споменатото село. Од постарите жители се говори дека во времето на Цар Самуил во селото П’пли постоел образовен институт во кој се вршело подготовки за свештени лица, односно попови, и од зборот „поп“ се добило името „Попли“, или „П’пли“ на месниот дијалект.
Селото П’пли од страна на турските власти припаѓало на нахијата Преспа, „хас на нишанџи“, везир Мехмед-паша во "Горичката Каза", кое уште од 16-от век било запишано како П’пли.
Со доаѓањето на Грците во тој дел на Македонија и со присилната промена на топонимите и имињата на селата и градовите, селото П’пли од тогашниот грчки режим било преименувано во „Лефкон“, што по нивниот јазик значи „Тополчани“ или „Белчиште“, односно место на кое има голем број на тополи (според сеќавањето на старите П’плени, ова село во минатото било обраснато со големи тополи).
Географија и местоположба мини|250п|десно|Селото П’пли во 1963 година Во непосредна близина на Малото Преспанско Езеро, околу VIII век во месноста која се вика „Грамада“, односно „Старо П’пли“ било сместено село П’пли кое поради неадекватната местоположба и немањето услови за нормално живеење, како на пример достапноста до водата, на 1 километар од денешното село (во полето) во близина на П’пленска Горица, тогашните жители самоволно го напуштиле местото и формирале нова населба каде и ден денес се наоѓа новото село. На старото место, сè до 1930 година постоеле видливи урнатини (грамади) кои подоцна биле расчистени. Се смета дека дислокацијата на селото настанала во првата половина на XIX век, а како причина се наведува немањето на чиста вода за домашни потреби.
Селото П’пли денес е сместено во близина на подножјето од огранките на големата планина Бела Вода која тамошните селани ја нарекуваат „Мазни Врв“, а куќите во селото се сместени во рамницата на Преспанското Поле кое се протега на неговата западна страна сè до Малото Преспанско Езеро и тоа е едно од четиринаесетте села во Мала Преспа.
Селото П’пли граничи со следниве села, односно на север со Штрково, на југ со селото Оровник, на исток со селото Рудари и Рударската Планина и на запад со Малото Преспанско Езеро и селото Л’к.
Историја
мини|250п|лево|Четата на војводата Митре Панџаров - Влаот За подготовките на Илинденското востание во Преспа, посебна заслуга имале познатите војводи Славејко Арсов од Штип, Никола Кокарев од селото Царев Двор, Велјан Илиев од селото Смилево, Даме Маслановски од селото П’пли, Спиро Миовски од селото П’пли (кој воедно бил и селски војвода), Ангел Андреев од селото Рудари, Наум и Петре Германчето од селото Герман и многу други востанички раководители и селски војводи. Првата чета на триесетина комити што се појавила во селото П’пли била четата на Митре Панџаров-Влаот од селото Кономлади која во пролетта, 1901 година, тајно, за првпат, го посетила селото.
Штабот на ресенскиот револуционерен реон, веста за востанието ја примил во месноста Водици на Љубојнската планина. Таа всушност била наредба за едновремено започнување на вооружените акции на 2 август. Поради тоа, Андреев и Кокарев се зафатиле со итно изработување на планот за нејзиното спроведување. Според планот акцијата требало да се изврши на 2 август вечерта. Цекта на акцијата била заземање на преспанското село П’пли. Во селото П’пли, покрај стационираниот гарнизон со околу 60 војници, живееле и голем број експлоататори чиј терор го чувствувало населението од сите соседни села. Овие сознанија биле пресудни за да реонскиот штаб се определи за напад на селото П’пли. Во акцијата требало да учествуваат околу 200 востаници и вооружени луѓе од сите соседни села. Од тие причини било неопходно да се побара помош од војводата Коте чие влијание во Долна Преспа било особено силно. Преговорите за соработка започнале, но Коте наговорил околу шеесетмина селани од селата Бесвина, Буковик, Дреново, Л’к и Оровник (што се наоѓаат јужно од селото П’пли) да не учествуваат во акцијата. На тој начин планираниот напад на 2 август, 1903, не се реализирал.
По заминувањето на Турците од овие простор, селаните од селото П’пли, како и останатиет селани од другите села од овој регион, биле изненадени од доаѓањето на новите поробувачи. Во првата балканска војна, во селото П’пли, прва стапнала српската војска која веќе на 19 октомври ја имало заземено речиси цела Преспа и запрела на ридовите Калуѓерица и на Превал, односно на самиот влез во Преспа - над селата Оровник, Рудари и селото П’пли. мини|280п|десно|Миовски Вангел (втор од лево - горе), партизан во преспанската чета. Сликани е направена во месноста Рамна Планина на 10.10.1945 Преспа станала боиште каде што противничките војски си ги одмерувале своите сили. Времето на Грчката окупација било кусо и не им дало можност да ги реализираат своите асимилаторски планови затоа што во 1914 година избила Првата балканска војна. Пристигнале нови окупатори, Бугарските жандарми во служба на централните сили. Во Преспа се отворил нов фронт. Бугарската војска пристигнала кај месноста Маркова Нога и заземала положај на тумбата Горица и ридовите над селата Герман, Р’би, Медово и селото П’пли. Тие тука ископале ровови и направиле одбранбена линија. Со доаѓањето на бугарската војска, грчките погранични единици се повлекле во Мала Преспа.
По извршената поделба на Македонија, селото П’пли, заедно со останатие македонски села, потпаднале под Грчка власт. Од тој момент за П’плени, како и за останатите селани од другите села, се создале тешки услови за живот бидејќи се прекинале сите семејни врски со роднините чии села потпаднале под српска и албанска окупација.
На 28 март, 1946, на повик од КПГ започнала граѓанската војна во Грција која се водела сè до 1949 година кога ДАГ била принудена да капитулира и да се расформира. Во оваа војна активно учество земаат и жителите од селото П’пли. Во 1946 година од селото П’пли заминуваат 7 борци кои земаат активно учество во редовите на ДАГ. Со текот на војната сè повеќе и повеќе П’плени се регрутирани во редовите на ДАГ. Овие селани остануваат во составот на армијата сè до поразот и нејзиното расформирање.
Занимања и економски развој на селото П’плени својата издршка ја обезбедувале преку полјоделството, сточарството, риболовот и печелбарството. Селото П’пли важело за едно од побогатите села во долнопреспанскиот крај бидејќи неговиот атар зафаќал поголема површина од крајезерската рамница. Во рамки на поледелството се произведувало жито (пченица, ’рж, јачмен, уров, овес, пченка и друго), се одгледувале лозја, градинарски култури (пиперки, домати, праз, кромид, лук, зелка, бостан, компир и друго) а во некои периоди се садело и тутун. Во рамки на сточарството најмногу се одгледувале овци, кози, волови, биволи, коњи, свињи и друго. Рибата П’плени ја ловеле во Малото Преспанско Езеро.
Земјоделство Земјоделието кај П’плени била основна гранка и главниот извор за производство на храна, како за луѓето така и за добитокот. Поради благата и влажна клима, селаните главно произведувале пченица и пченка, грав, а во нивните планински ниви сееле ’рж и овез. Земјата се обработувала со дрвено рало кое било влечено од волови. Ралото било составено од плаз, рачка, носач и железен плуг. Ралникот со јаремот бил прицврстуван за вратот на воловите со помош на прионите, а потоа воловите биле терани со остен. Жетвените култури биле вршени на селските гумна со помош на коњи и маски. Пченичното жито било сместувано во амбари, а постоеле и големи кошови во кои се чувала пченката. Во плетените кошови таа била складирана во кочани и служела за исхрана на добитокот. мини|360п|десно|Поглед кон П’пленското поле каде што во позадина се гледа Малото Преспанско Езеро. Автор Фотија Стефовска - Жарговска
Градинарство Во преспанскиот крај мошне било развиено и градинарството. Преспани биле познати како одлични градинари, така што и во селото П’пли било развиена и оваа гранка од земјоделството. Секое п’пленско семејство имало и своја градина во која за свој домашни потреби произведувало кромид, лук, праз, пиперки, зелка, домати, грав, тикви и други градинарски производи.
Овоштарство
Поради специфичните климатски услови и поради местоположбата, преспанската околија е прочуена не само во Македонија туку и надвор од неа за производството на квалитетното овошје, а пред сè со своите преспански јаболка и сливи. Во еден дел од обработливата земја на селото имало и бројни овошни насади богати со јаболка, круши, сливи и дуњи. Покрај садените овошни насади растеле и диви како на пример дренки, горници, диви цреши, шипинки и друго шумско овошје. Повеќето од плодовите, селаните ги чувале во слама за во зимскиот период од годината, а од другите, како на пример горниците, дивјачките и крушите, правеле зимница.
Лозарство
Лозарството во селото П’пли била како споредна гранка, па затоа во селото немала некоја поголема традиција, се одгледувале само некои одбрани сорти на грозје кои успевале на овие простори. Претежно, насадите со винова лоза на жителите од селото П’пли биле во ридските предели од селскиот атар. П’плени ги одгледувале следниве видови на грозје: ралушино, лисичино, песјачка, стрнушина, д’лга м’ска и други сорти. Тие грозјето го собирале во есен во плетени кошни кои биле пренесувани со помош на магариња или запрежни коли. Преку ферментацијата на грозјето селаните добивале квалитетно вино, а од комињето правеле домашна ракија. Со оваа земјоделска гранка, во П’пли, се занимавале повеќето селски домаќинства.
Риболов
Приближно 40% од селскиот атар се наоѓал под вода, односно тој се протегал на копно со 14 килокилометри квадратни од кои 5 биле под вода. Една од главните преокупации на жителите на ова село бил риболовот. П’плени ловеле со мрежи кои самите ги изработувале, а, исто така, плетеле и коци од езерската трска. Пред сè, тие ловеле белвици, крап, јагули, скобуст и друго. Уловената риба ја користеле за свои потреби како и за продавање на пазарите во градот Лерин и на уште неколку други места во околијата.
Сточарство
Сточарството во селото П’пли вило застапено во помали количини, исклучиво за домашни потреби. Без исклучок, секој семејство од селото одгледувало крупен и ситен добиток. Селаните чувале волови кои секогаш биле во пар (ѕевгар) и ги користеле како работна сила за орање и влечење на запрежни коли. Исто така, тие чувале и крави, магариња, коњи, овци, кози, свињи и ситна живина.
Шумско богатство на П’пленскиот атар
Половината од селскиот атар е ридско планински и е покриен со листопадни, а има и мал дел со иглолисна шума. дабова шума - П’плени ја користеле дабовата шума за производство на драдежен материја, за јагленарство, за огрев, како и за производство на земјоделски алатки. Овој вид дрвја биле користени и како пасишта за малкуте кози кои неколку семејства ги поседувале и за кастрење и правење на лисници за зимска исхрана на добитокот. зеленика - Во околните ридови на П’пли ја има во големи размери, а дрвото селаните го користеле како огревно дрво и за изработување на предмети за домашна употреба. габер - габерот е доста распространет во околните ридови од селскиот атар. Него селаните го користеле главно како огревно дрво, но во зимските денови од годината габеровите гранчиња ги користеле како клавна исхрана за домашниот добиток.