Света Петка (, Агија Параскеви од 1918 г.) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 136 жители (2011) и се состои исклучиво од Македонци.
Географија Селото е сместено на Мала Река, 12 км северно од Лерин и 4 км северозападно од Долно Клештино. Лежи во подножјето на планината Баба во северозападниот крај на Леринското Поле близу границата со Р Македонија.
Историја Во Отоманското Царство Во почетокот на XX век Света Петка е забележана како чисто македонско село во Леринската Каза. Во 1900 г. според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 550 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 236. Всички жители на Света Петка потпаднале под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 480 Македонци под патријаршијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 168-169. Во тој период, Боривое Милоевиќ во своите посети во селото забележал 50 македонски куќи.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Света Петка се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 61 куќа.
Во селото има три цркви – „Св. Петка“ од 1570 г., изгорена во 1827 г. и обновена како параклис во 1886; „Св. Никола“ од 1856 г. и „Св. Димитриј“ од 1859 г.
Пролетта 1908 г. во Света Петка властите откриле 17 пушки „Гра“ и уапсиле 17 селани кои ги затвориле во Лерин.Одрински глас, брой 12, 30 март 1908, стр. 4.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога имало 501 жител. Во 1920 г. нивниот број бил 489, за да порасне на 546 во 1928 г. Меѓу двете светски војни населението бележи повторен пораст, со исклучок на 20 семејства и поединци кои се иселиле во прекуокеанските земји. Сепак, во 1940 г. во селото се попишани 687 жители.
За време на Втората светска војна во 1941 г. во селото е воспоставена бугарска окупаторска власт и општина. Поради Грчката граѓанска војна, уште 20 лица од Света Петка се иселиле во Р Македонија и источноевропските земји.
По војната, во 1951 г. во селото се заведени 644 лица, но во следниот период населението почнало да опаѓа поради засиленото иселување во прекуокеанските земји. Затоа, во 1961 г. Света Петка имала 424 жители кои до 1971 г. драстично се намалиле на 232. На пописот од 1981 г. селото се води со 231 жител, намалувајќи се на 206 лица во 1991 г. Во 2001 г. Света Петка имала 209 жители, но во текот на следното десетлетие бројот на жителите значајно опаднал, за во 2011 г. да бидат попишани само 136 лица.
Според испитувањето во 1993 г. селото е чисто „словенојазично“, во кое македонскиот јазик е слабо зачуван.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Население
Стопанство Селото е познато по производството на квалитетен грав, а во поново време се одгледуваат детелина и јаболка.
Личности Димитар Кочевски-Мичо (р. 1943) — сликар Михаил Србинов-Гоце (1920 - 1947) — комунист Здраве Дамчев — учесник во Грчко-турската војна Наум Христов (1886–?) — револуционер и иселенички деец во САД
Поврзано Леринско Поле
Наводи
Категорија:Лерин