мини|десно|250п|Семејство од Смрдеш во првата деценија на XX век Смрдеш (, Кристалопиги; до 1927 г. Σμαρδέσι, СмардесиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σμαρδέσι - Κρυσταλλοπηγή) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 111 жители (2021).
Географија и местоположба Селото Смрдеш се наоѓа 51 км југозападно од Лерин и 38 км северозападно од Костур, во подножјето на планината Орлово во состав Корбец, во областа Корешта. Лежи на надморска височина од 1.130 м. Три километри од селото се наоѓа границата со Албанија и граничниот премин Смрдеш-Капештица. Селото е смстено на каменливиот и гол терен на Смрдешкиот Проод
Историја Османлиско време Селото важи за многу старо. Според преданијата, населението на Смрдеш е доселено од Девол (денес во Албанија), за да го избегнат малтретирањето од исламизираните Албанци и да ја зачуваат верата. Селото изворно се наоѓало во месноста Селиштето, но подоцна е изградено на друго место поради епидемија на чума. Се смета дека местото го добило името по минералниот извор Смрдлива Вода. Смрдеш првпат се споменува во документите од 1530 г. како Исмирдеш со 53 домаќинстваharun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 118.
Кон крајот на XIX век Смрдеш било прилично големо македонско село со незначителено малку гркомани кои ја воделе месната црква. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Смрдеш (Smrdesh) било село во Костурската Каза со 460 домаќинства и вкупно 1.300 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Смрдеш имал 1.780 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Смрдеш се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 295 куќи.
Во селото работеле две странски пропаганди — грчката и бугарската. Според грчки податоци (поради тоа, сомнителни) во селото имало 190 семејства под врховенството на Цариградската патријаршија и 180 семејства под Бугарската егзархија. Бугарската пропаганда стекнала апсолутна превласт, така што во 1903 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија, како и останатите костурски села. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 2.360 жители, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
Илинденски период мини|десно|250п|Стари куќи во Смрдеш Почнувајќи од 1900 г. жителите на селото, заедно со оние на Д’мбени, играле водечка улога во борбите на Македонската револуционерна организација. На 8 кон 9 мај 1903 г. на селото е извршен ѕверски напад од турската војска поради тоа што во него населението ја криеле четата на Борис Сарафов. Во нападот се убиени 87 жители (45 мажи, 36 жени и 6 деца), запалени се 300 куќи, 2 училишта и 19 дуќани. Притоа ранети се уште 50 луѓе и 35 жени се силувани. Без покрив останале 1.500 жители. Истата година селската учителка Викторија Михајлова од Прилеп го извезла знамето на Косинската чета. За време на Илинденското востание, селото е повторно ограбено, многу жители се погубени, а на други им се исечени ушите.Македония и Одринско (1893-1903). Мемоар на Вътрешната организация, 1904, с. 203
Во 1903 г. во куќата на Иљо Истанин, револуционерот Лаки Поповски направил бомболеарница и склад, која по опожарувањето на селото ја преместил во Д’мбениЧекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 г., Съставители Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, Библиотека „Българска памет“, стр. 203, 207, 232, 234..
Првиот бран на иселување на населението во САД, Канада и Австралија се случил по 1903 г. поради големото обездомување и страшните насилства врз населението. Во 1906 г. во Медисон, Илиноис доселнениците од Смрдеш основале добротворно и просветно друштво, наречено „Пандо Кљашев“Трайков, Веселин. История на българската емиграция в Северна Америка, София 1993, с. 148.
На почетокот на април 1908 г. властите извршиле рација на селото, вршејќи насилства и мачења.Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4. Според Георги Трајчев, во 1911/1912 г. во Смрдеш имало 209 куќи со 989 жители и работело училиште со 3 учители.Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 212. Според Георги Константинов Бистрицки, пред Првата балканска војна Смдреш имал 350 куќи, сите македонски.Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.
За време на Првата балканска војна, доста жители се регрутирани за борба на бугарска страна.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 879.
Припојување кон Грција дясно|мини|250п|Црквата „Св. Ѓорѓи“ за време на Првата светска војна. Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 1.488 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го завел Смрдеш како село со 240 македонски куќи. По Првата светска војна доста жители на Смрдеш се иселиле во Бугарија и во градот Лерин. Така, во 1920 г. населението се свело на 780 жители.
Во 1927 г. грчката власт го преименувала селото во Кристалопиги, а во 1928 г. повторно се намалило, овојпат на 598 жители.
Втора светска и Граѓанска војна Населението на Смрдеш зело масовно учество во антифашистичките борби од 1940 до 1949 г. Селото дало значајни жртви во Втората светска војна, за подоцна, за време на Граѓанска војна во 1949 г. да биде срамнето со земја од грчката монархистичка власт. Поради ова, сите жители се иселиле во Р. Македонија и источноевропските земји, па така во 1951 г. е заведено како напуштено. Преселници имало и во Лерин и Костур.
Подоцна, грчките власти тука населиле номадски влашки семејства од Теспротија и околината на Превеза, кои се населиле и во соседните напуштени македонски села како В’мбел, Косинец и Д’мбени. Така, во 1993 г. селото е заведено како чисто влашко.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Смрдеш, каде е единственото населено место.
Цркви Во селото има четири цркви: „Свети Бессребреници“ (мошне стара) „Свети Димитрија“ (1870) „Св. Ѓорѓи“ (1890) „Успение на Пресвета Богородица“ (1970)
Стопанство
Личности Васил Чакаларов (1874-1913) — војвода на МРО Стерјо Стерјовски (1876-1905) — војвода на МРО Пандо Кљашев (1882-1907) — војвода на МРО Гаврил Константинович, роден Гаврил Костадинов Тасев (1881-1918) — македонски лекар, национален деец и учесник во Октомвриската револуција Лазо Ковачевски — првоборец Атанас Коровешов (1918-1945) — комунистички деец, ракводител на НОФ Ламбро Чолаков (? - 13. 1. 2001) — македонски национален деец, член на Главниот одбор на НОФ за Егејскиот дел на Македонија и секретар на Окружниот одбор на НОФ за Костурско и Преспанско. Филип Трпов Караџа — македонски револуционер од ВМОРО. Јанула Ралева (1927-?) — македонски партизан, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки. Кула Андонова Каранџовска (1929-?) — учесник во НОВ на Македонија и борец на ДАГ во Грчката граѓанска војна
Војводи од Смрдеш
Наводи