Катакал (, Катакали) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Дескати на Гребенскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 176 жители (2011).

Географија и местоположба Селото е сместено околу 30 км југоисточно од градот Гребен, на надморска височина од 520 м.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Катакал било грчко село во Гребенската Каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Катакал живееле 129 Грци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Катакал се води како чисто грчко село во Гребенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 19 куќи.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Катакал живееле 104 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 248 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 208.

Стопанство Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава со сточарството и краварството.

Население

Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 20 квадратни километри. Општината Катакал била приклучена во општината Хасија во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Дескати.

Селото припаѓа на општинската единица Хасија со седиште во селото Дименица, која припаѓа на поголемата општина Дескати, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Катакал, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква

Параклиси

„Св. Илија“

Наводи

Категорија:Дескати