Борен или Бурјан ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα — село во Општина Доксат во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 13 километри југоисточно од градот Драма и на 4 километри јужно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 45 метри.

Историја Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската Каза во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со христијани и муслимани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 400 жители Турци, 120 Власи и 150 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197..

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 583 жители , додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1068 жители.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1927 година, селото било преименувано во Агиос Атанасиос.

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 452 грчки семејства со 1943 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 2088 лица, додека во 1940 година селото броело 2886 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 3046 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3124 жители, во 1971 година имало 2645 жители, во 1981 година имало 3013 жители, додека во 1991 година имало 3553 жители. Денеска, населението на селото е 3150 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Категорија:Доксат