Лишен ()'Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον — село во Општина Бук во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 34 километри североисточно од градот Драма и на 8 километри североисточно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа во источните падини на Голомбар на надморска височина од 440 метри.

Историја Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската Каза, во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 114 жители македонски муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199..

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Полинери.

Демографија

Според грчката статистика, во 1913 година во селото живееле 163 луѓе.

До 1928 година во селото биле населени 31 грчки семејства со 121 бегалци од Турција. Во 1928 година селото броело 121 жител, додека во 1940 година селото броело 186 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 141 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 131 жител, во 1971 година имало 59 жители, во 1981 година имало 40 жители, додека во 1991 година имало 25 жители. Денеска, населението на селото е 10 жителi според пописот од 2011 година.

Наводи

Категорија:Бук Категорија:Чеч