Ново Село — село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица. Селото претставува административно седиште на истоимената општина.

Потекло и значење на селото

мини|300п|лево|Поглед од Беласица кон Ново Село во подножјето на Огражден

Името на селото е најчесто сретнуваното во Македонија и неговото значење е едноставно: спојување на придавката „ново“ со именката „село“, што доаѓа од мало населено место.

Се споменува во османлиските пописи од 1519 и 1570 година под името Јени Ќој (Ново Село).

Географија и местоположба

Ова големо село се наоѓа во јужниот дел на Струмичкото Поле и според своите физиономски карактеристики има веќе лик на гратче, поради што е и седиште на истоимената општина. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 235 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 26 километри и се наоѓа недалеку од граничниот премин со Бугарија, кој е наречен по ова село.

Низ селото поминува државниот пат А4, кој завршува кај истоимениот граничен премин со Бугарија, кој се наоѓа 8 километри западно од селото.

Селото се наоѓа во подножјето на планината Огражден и претставува едно од најголемите струмички села. Во селото бил изграден водовод уште во 1974 година.

Според својот изглед, Ново Село наликува на вистинска градска населба со сите јавни институции, современи приватни трговски објекти и куќи во неа. Советот на општината има донесено одлука населбата да биде промовирана во градска населба со ново име.

Историја

Во селото и околината постојат неколку археолошки наоѓалишта од разни епохи низ историјата.

Најпрвин населбата се наоѓала во месноста Селиште, потоа во Волчји Дол, па била преместена на денешното место.

Селото се споменува во османлиските пописи од 1519 и 1570 година под името Јени Ќој (Ново Село). Се претпоставува дека со доаѓањето на Турците на Балканскиот Полуостров во втората половина на XIV век, плодната рамнина била одземена од христијанското население и тоа било принудено да создаде нова населба источно од месноста Волчја Могила (или Дол). Новото занимање на населението станало сточарството. Фактот дека ова село долго време опстојувало се големиот број на гробови во областа Гробчето. Од ова село сè уште може да се видат остатоци од темелите на некои куќи.

Кон крајот на и почетокот на XVIII век, населението на селото започнало да емигрира на сегашното место во селото. Конечната емиграција на жителите на денешната местоположба завршила во почетокот на XIX век. Постепено селото започнало да расте и се претворило во пазарен центар на околните села.

Во XIX век, селото броело 1.200 жители и било прво од селските населби во Струмичката Каза. Во 1842 година била изградена црквата „Св. Ѓорѓи“, а во 1866 година било основано и училиште на македонски јазик, и тоа во куќата на семејството Панзиевци, како резултат на напорите на видниот граѓанин од селото, Димчо Хаџи-Пенев. Подоцна, местоположбата на училиштето била преместена во куќата на семејството Ѓозевци, а уште подоцна во т.н. Попски Дом.

Во 1895 година во Ново Село бил основан комитет на ВМОРО. Во селото претстојувал и Гоце Делчев, а овде живел и големиот комитски војвода Мануш Георгиев. Првата тешка провала во Струмичко била таканаречената Новоселска афера кога биле убиени 5 Албанци, по кое следувало апсење 30 души во Струмица на чело со Стојан Георгиев како раководителот на Струмичкиот окружен комитет.Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет

Во 1913 година, за време на Балканските војни, селото било запленето од грчката војска и биле изгорени 160 куќи.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

За време на Втората светска војна од 1941 до 1944 година селото повторно било вклучено во границите на Бугарија. Во тоа време градоначалник на селото бил Атанас Мачуков.Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 524.

Во 1936 година бил изграден училиштен објект со парични средства на селаните.

Стопанство

мини|300п|десно|Продавници во селото

Атарот на селото зафаќа простор од 19,2 километри квадратни. На него обработливите површини заземаат површина од 759 хектари, на шумите отпаѓаат 550 хектари, а на пасиштата 441 хектар.

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција. Во селото има фабрички погони за мебел и трикотажа, ветеринарна станица, земјоделска задруга, повеќе продавници, угостителски објекти и занаетчиски дуќани.

Во селото функционира пазар, кој се наоѓа во центарот, а повеќе од еден век четврток е пазарен ден во Ново Село.

Над селото се наоѓа и акумулацијата Новоселка.

Население

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година, Ново Село е наведено како село со 90 домаќинства и 325 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 186-187.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 1.400 жители Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 161.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 1.280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.

Селото е големо, коешто во 1961 година броело 1.833 жители, од кои 1.774 биле Македонци, 55 Срби, 19 Турци, 8 Хрвати и шест жители Црногорци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 2.692 жители, од кои 2.673 биле Македонци, осум Срби и 11 жители останати.

Според пописот од 2002 година, селото Ново Село броело 2.756 жители, од кои 2.726 Македонци, 3 Роми, 11 Срби, 2 Бошњаци и 14 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.967 жители, од кои 1.788 Македонци, 2 Албанци, 2 Срби, 9 останати и 166 лица без податоци.

Општествени установи

Седиште на Општина Ново Село ОУ „Мануш Турновски“ - централно основно училиште за ученици од прво до деветто одделение ПОУ „Св. Климент Охридски“ - посебно основно училиште Детска градинка „Сонце“ Здравствен амбуланта Полициска станица Противпожарна станица Пошта (2434) Дом на културата „Јане Сандански“, основан на 28 декември 1988 година, во чиј склоп се наоѓа и месната заедница, библиотека и сала со 300 седишта. ЈП „Комуна“

Самоуправа и политика

Во век, Ново Село било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Ново Село, се наоѓале и селата Бадолен, Барбарево, Бајково, Дражево, Зубово, Ново Коњарево, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Ново Село во која влегувале селата Зубово, Ново Село и Сушица.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1785, 1786 и 1787 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и дом на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.599 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на овие избирачка места биле запишани вкупно 2.572 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Бел Рид — населба од доцноантичкото време; Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Коштуница — могила од римското време; Новоселско Депо — депо на монети од средниот век; Селиште — населба од бакарното и бронзеното време; Сушица — населба од неолитското време; Чука — населба и могила од доцноантичкото време; и Шопов Рид — могили од римското време.

Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква; и Црква „Св. Ѓорѓи“ (манастирска) — главна манастирска црква.

Манастири Новоселски манастир — понов манастир над селото.

Споменици Чешма на Баба Ванѓа — чешма во близина на селото; Бугарски воени гробишта — воени гробишта кај селските гробишта; Биста на Мануш Георгиев во дворот на основното училиште; и Биста на Иван Ајдински.

Езера Новоселско Езеро — мало вештачко езеро над селото.

Редовни настани

Ѓурѓовденски средби

Личности

Родени во или по потекло од Ново Село Иван Илиев Ајдински (1885 — 1923) — македонски револуционер, деец на ВМРО Крсто Георгиев - Новоселски — македонски револуционер, деец на ТМОРО Парашка Велкова Вучкова (1902-) — учесник во НОВ на Македонија Митко Чавков (р. 1963) — Министер за внатрешни работи на Македонија Ѓорѓи Бојаџиев (р. 1950) — началник на Генералштабот на АРМ Лилјана Пандева (р. 1964) — македонски поет, раскажувач и романописец Мануш Георгиев (1881 — 1908) — македонски револуционер

Култура и спорт

Фудбалски клуб Огражден кој во сезоната 2025/2026 се натпреварува во Општинската лига на Струмица. Ноќен турнир по фудбал „Илинден“

Галерија

Поврзано Општина Ново Село Струмичко Поле

Наводи

Надворешни врски

Профил на Ново Село на општинскиот портал

Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Ново Село Категорија:Македонско-бугарски гранични премини