Чаушлиево или Чаушли (, Месијано; до 1926 г. Τσαουσλή, ЦауслиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσαουσλή -- Μεσιανό) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 265 жители (2021). Традиционално било населено со Македонци христијани, но кон крајот на XIX век тука се доселиле и Роми муслимани.

Географија Селото е сместено 7 км источно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја Во Отоманското Царство Според Николаос Схинас, во средината на 1880-те Чаушли (Τσιαουσλί) било село со 4 хриситјански семејства.

Во 1889 г. хрватсниот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Чаушлиево:

Традиционален занает на селото било рогозарството и изработката на предмети од трска и ракита.Бабев, Иван. Ениджевардарският край /Природо-географска среда и стопански условия/, – во: Бабев, Иван, Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009, с. 119.

На почетокот на XX век етничката слика во селото била поинаква. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Чаушлиево броело 50 жители, сите Роми.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Чаушлија било турско со 10 куќи.

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Τσαουσλί) има 30 муслимани. Сепак, се чини дека македонското население било изоставено, или пак се повратило во селото, бидејќи се води во статистиката од овој период.

Во Грција Во 1912 г. Чаушлиево е заведено како село со христијанска и муслиманска вероисповед и ромски и македонски јазик. Селото отсуствува од пописите во 1913 и 1920 г., што значи дека било напуштено во тој период. По враќањето на жителите, во 1924 г. сето муслиманско население е иселено во Турција согласно Лозанскиот договор. Македонците се иселени во Бугарија. На нивно место се доведени грчки колонисти. Во 1926 е преименувано во Месијано. Во 1928 Чаушлиево е претставено како чисто дојденско село со 140 жители од 39 семејства.

Со пресушувањето на Ениџевардарското Блато во 1935 г. се добило ново плодно земјиште, па овде се доселени уште грчки колонисти. Така, во 1940 г. населението се накачило на 423 жители. Во 1961 г. Чаушлиево достигнало 549 жители, но веднаш потоа почнало да се намалува поради значајно иселување во градските центри и во странство. По овие движења, бројот на населението останал устојчив до денес.

Население

Стопанство Селото важи за доста богато. Највеќе се произведува овошје, памук, жито и тутун.

Поврзано Солунско Поле

Наводи

Категорија:Постол