Верланица или Верланџа ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 25 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 35 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 117 метри.

Верланица опфаќа површина од 19 квадратни километри.

Историја

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Верланица имало 630 жители од кој 35 Македонци, 560 Турци и 35 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 140..

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Агионери.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 1116 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 821 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 588 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 694 жители, во 1971 година имало 543 жители, во 1981 година имало 648 жители, додека во 1991 година имало 691 жител. Денеска, населението на селото е 886 жители.

Стопанство

Населението на селото главно се занимава со производство на жито и памук.

Наводи

Категорија:Кукуш