Илиџиево или Јајлаџиево (, Халкидона; до 1926 г. Γιαλιατζίκ, Јалјаѕик или Γιαλατζίκ, ЈлаѕикΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιαλιατζίκ -- Χαλκηδών) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.094 жители (2011).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во Солунското Поле, 31 км од Солун и 19 км од Пазар (Ениџе Вардар). Лежи на надморска височина од 20 м.

Илиџиево е важна сообраќајна раскрсница од каде што се дели главниот пат кој води од Солун кон југозападна Егејска Македонија. Од овде водат три краци: еден за Катерина, друг за Бер и Кожани и трет за правецот Пазар-Воден-Лерин.

Историја

Според Тодор Симовски, во селото живееле претежно Македонци и помал број Турци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. местото броело 497 жители, но погрешно го наведува населението како турско.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.141. Според Христо Силјанов след Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.126. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Илинџиево (Ilindjievo) имало 320 жители, сите Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.218-219.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Илиџијево било македонско со 30 куќи.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога населението броело 253 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го завел Илиџиево како чисто македонско село со 30 куќи., а во 1920 г. населението се намалило на 188 жители, сите Македонци. Во 1926 г. Илиџиево е преименувано во Халкидона. Во 1920-тите грчките власти почнале да доселуваат Грци од други земји,а па така во 1928 г. имало 1.191 жител, од кои дури 922 (247 семејства) биле доселеници. Според евиденцијата од 1928 г. доселениците го имале следново потекло: 150 семејства од Кадиќој (Халкидон) во Источна Тракија 40 семејства од Бургас, Бугарија 30 семејства од Ениќој (Неохори), Афионкарахисарско, Турција 20 семејства од подрачјето на Цулу, Мала Азија 7 семејства од Бурса

Поради добрата положба и плодната почва добиена со пресушувањето на Ениџевардарското Езеро, Илиџиево во 1940 г. пораснало на 1.867 жители, а по Граѓанската војна почнало да наликува на гратче, поради што продолжил растот на населението.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Илиџиево со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Илиџиево, во округот Солун. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел Илиџиево, каде е единствено населено место.

Стопанство Земјиштето во атарот на Илиџиево важи за многу плодно. Се одгледуваат големи количества на овошје, памук, житарки и други земјоделски производи.

Културни и природни знаменитости Цркви Св. Петар и Павле од XIX век

Наводи