Кара Бунар ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 14 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро и на 5 километри од Горчливото Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 155 метри.
Кара Бунар опфаќа површина од 31 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 35 семејства и 115 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кара Бунар имало 270 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото муслиманско население било принудено да побегне од своите домови, додека во селото останале само 3 семејства. Муслиманското население заминало од селото кон Турција по потпишувањето на Лозанскиот договор, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Мавронери.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 445 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 767 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 709 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 766 жители, во 1971 година имало 569 жители, во 1981 година имало 664 жители, додека во 1991 година имало 671 жител. Денеска, населението на селото е 656 жители.
Стопанство
Бидејќи самото село се наоѓа на Солунско Поле, селото е богато со жито и памук. Населението се занимава и со сточарство.
Наводи
Категорија:Кукуш