{ "type": "FeatureCollection", "features": [
"type": "Feature", "properties": {}, "geometry": { "type": "Point", "coordinates": [ 22.70805358886719, 40.66449372533465 ]
] } Коњари или Ѓундулар (, Анатолико; до 1955 г. Βαλμάδα, ВалмадаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βαλμάδα -- Ανατολικόν) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.409 жители (2021), сите Македонци.
Географија и местоположба Селото е сместено во областа Вардарија, 4 км северно од градот Кулаќа и 15 км западно од Солун. Лежи на надморска височина од 8 м.
Историја Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Коњари како македонсконарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика. село.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Коњаре (Koniaré) има 234 домаќинства со 1.090 жители, сите Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.154-155.
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Коњари имало население од 1.220 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.141. Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија, односно под грчка пропаганда. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Коњаре (Koniaré) има 960 жители Македонци и во селото работело грчко учулиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.218-219.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 968 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ за време на Првата светска војна завел 250 македонски куќи. Во 1920 г. населението нараснало на 1.064, а во 1928 г. попишани се 1.149 жители.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Кулаќа со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Делта, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Коњари, каде тоа е еднственото населено место.
Стопанство Земјиштето е многу плодно и целосно се наводнува. Населението претежно одгледува овошје, памук, жито и други култури, а во поново време е развиено и краварството.
Наводи
Категорија:Делта (општина)