Махмудово (се среќаваат и Мамхутово и Мамутово; , Махмутово, Махмут) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија. Населението се состоело исклучиво од Македонци.

Географија Махмудово се наоѓало во Солунското Поле, во областа Вардарија североисточно од Кулакија и југозападно од Текелиево. Лежело на тананаречениот Долен Пат од Солун за Кулакија. Било на десниот јужен брег на каналот Мал Вардар спроти Лапра.

Историја Во Отоманското Царство На крајот од XIX век Махмудово било чифлик со македонско население во Солунската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Махмуд (Mahmoud) било село со 25 домаќинства сочинети од 126 жители Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Махмудово имало 105 жители Македонци. Целото население било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Махмутово (Mahmoutovo) имало 64 Македонци под патријаршијата.

Селото страдало од поплавувањето на Вардар. Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) есента 1887 г. реката го поплавила селото и тоа се растурило. По несреќата е повторно населено. Грчки извори велат дека по големата поплава од 1906 г. во Махмудово имало 50 лица дојдени од Кулакија.

Во Брција По Балканските војни во 1913 г. Махмудово влегло во Грција. Се смета дека селото конечно се распаднало за време на овие војни.

Наводи

Категорија:Историски села во Делта