Милово (, до 1927 г. Μυλωβός, Миловос) — село во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Пидна-Колиндар на округот Пиерија, Грција.

Географија Селото е сместено на десниот брег на реката Бистрица и околу 5 км од Либаново.

Историја На крајот од XIX век Милово било село во Берската Каза. Во црквата „Св. Ѓорѓи“ во XIX век работел кулакискиот зограф Константинос Ламбу, кој ја насликал царската икона на Христос, како и Димитриос и Дакос Хаѕистаматис, кои изработиле низа икони на фризот и растпетието на иконостасот.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Миљово (Милево) живееле 155 Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Миљово (Miliovo) имало 216 Македонци, сите под врховенството на Цариградската патријаршија.

Во „Етнографија на Македонија“ (1924) Густав Вајганд го опишал Милово како мешано македонско-грчко село,Вайганд, Густав. Етнография на Македония, т. 1, София, 1992, стр. 465 – 466. погрешно сметајќи го погрчениот дел Македонците за Грци.

Знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1537 г.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Пидна-Колиндар