мини|десно|250|Раскрсница во селото. Подгорјани, Подгорени или Подохор (, Подохори; до 1926 г. Ποδογόριανη, Подогорјани) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот Округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Во 2011 г. населението броело 608 жители.

Географија Селото е сместено на јужните падини на планината Кушница, југозападно од Правишта. Има два стари камени моста — Лазидевиот и Горгиевиот.

Историја Во Отоманското Царство Селото некогаш било населено со Македонци, за што сведочи неговото македонско име.

На крајот од XIX век Подгорјани било турско-грчко село во Правишката Каза. Подгорјанскиот амам датира од XVII век и прогласен е за споменик на културата во 1997 г. Црквата „Св. Ѓорѓи“ е од 1847 г. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Подгорјани:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 г. Подохоръ (Будохоръ) живееле 200 Турци и 450 Грци.

Во Грција Во 1913 г. по Втората балканска војна селото е припоено кон Грција. Таа година населението броело 1.035 жители, кое во 1920 г. се намалило на 530, веројатно како последица од Првата светска војна. Во 1920-тите турското население е иселено и согласно Лозанскиот договор и во 1924 г. доведени се грчки доселеници од Мала Азија. Во 1928 г. Подгорјани било мешано мештанско-дојденско село со 115 семејства сочинети од 390 жители.

Население Населението со време значително нараснало, но подоцна почнало забележително да опаѓа поради иселување во градовите. Подоцна во селот се сместени 60 семејства на Каракачани кои се занимаваат со сточарство.

Месности + Месности во Подгорјани преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Чинар Дере Τσινὰρ Ντερὲ Платанорема Πλατανόρεμα река ЈЗ од Подгорјани Барес Μπάρες Клисура Κλεισούρα месност ЈЗ од Подгорјани Ментешели Μεντεσελῆ Спилија Σπηλιὰ поранешно село ЈЗ од Подгорјани Кавакија Καβάκια Левки Λεύκη месност Ј од Подгорјани

Цркви „Св. Ѓорѓи“ од 1847 г. „Св. Илија“ „Св. Петка“ „Св. Фануриј“ — параклис

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кушница