Костанско или Костаџик (, Авгеринос; до 1927 г. Κωνστάντσικο, Констанцико) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 138 жители (2021).
Потекло и значење на името Според Тодор Симовски, името на селото е словенско, а го добило од околината, која изобилува со костенови дрвја. Според друга претпоставка, името има латинско потекло, или пак потекнува од личното име Костас.
Сегашното име го добило по месноста Авгерос, која се наоѓа надвор од селото.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Населица, околу 30 км југозападно од Лапчишта и 20 км западно од Цотил, во подножјето на врвот Ибраим (1.175,4 м), високо на планината Горуша, на надморска височина од 1.050 м.
Историја
Во Отоманското Царство Крај Костанско има остатоци од седум постари селишта: Баз (Μπάζ), Колиби (Καλύβια), Цатив (Τσατίβ), Зјалц (Ζιάλτς), Черниш (Τσέρνις), Калуѓерица (Καλογέριτσα) и Конско (Κοντσκό). На местото на Костанско се наоѓала помала населба со црква посветена на Св. Харалампиј од XV век. Денешното село настанало во почетокот на XIX век со спојувањето на околните села.
Од името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Костанско било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак. Епирскиот хроничар Панајотис Араванитос („Етнографска карта на Епир“) ги посочува жителите на Костанско како Грци.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Костанско живееле 850 жители, сите Грци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Констанџик е претставен како чисто грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак со 160 куќи.
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Костанжик (Kostanjik) има 800 Грци.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Констанцко (Κωνστάντσκο) живееле 615 Грци христијани.
До 1912 г. во селото дејствувале андартите на Коста Грудас.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 1.201 жител, кои во 1920 г. се свеле на 702 лица.
Во 1920-тите тука се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. Костанско е забележано со 882 жители, од кои 6 бегалци. Во 1927 г. селото е преименувано во Авгеринос (Αυγερινός). +Места во заедницата Костанско преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписКурјакΚοργιόγκοςПурнариΠουρνάριврв на Ј (1.139 м)ИбраимΊμπραήμРахиΡάχηврв на ЈЗ (1.175,4 м)ЏурџовоΤζούρτζοβοДасотонΔασωτόνБаџиΜπάτζιКиладаΚοιλάδαБабја РекаΜπόμπγιαЛаспоремаΛασπόρεμαрека на ИЧумеркаΤσουμέκαМегали РахиΜεγάλη Ράχηврв на СЗ (1.198 м)
Стопанство Населението произведува компири, жито и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на сточарството.
Население
Општествени установи
Поранешно основно училиште Полициска станица
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Петка“ — главна и најстара селска црква Црква „Св. Атанасиј“ — подигната во 1907 г. Црква „Св. Троица“ — најнова црква, подигната во 1961 г.
Параклиси
„Пресв. Богородица“ — сместен помеѓу Костанско и Долос „Св. Никола“ — подигнат во 2000 г. „Св. Илија“ — мала црква во месноста Баџи
Наводи
Категорија:Горуша (општина)