Венци — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година во селото живеат 102 жители.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 4 км југоисточно од градот Гребен.

Историја Под владение на Османлиското Царство

Кон крајот на XIX век Венци е центар на истоимената нахија Венци во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Покрај селото се наоѓа познатиот Венцишки пазар, еден од најголемите во југозападна Македонија.Портал на поранешната Општина Венци Во тој период во Венци живее муслиманско гркојазично население. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 година во Венци живеат 150 валахади (гркојазични муслимани) и 207 Грци христијани. Во специјална забелешка се забележува и присуството на „одреден број на погрчени Власи“Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 280. Според записите на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година во Венци (Ventzi) има 205 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 212-213. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година Βέντσια е целосно муслиманско село со 300 валахади.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001. Ова е потврдено и од грчката атинска статистика од 1910 година, според која Βέντσια има население од 170 муслимани. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ.112.

Грчка окупација

Во текот на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки војски и по Втората балканска војна во 1913 година селото влегува во составот на Кралството Грција.

Според сведоштвата од 1920 година Венци е целосно муслиманско валахадско село со 29 семејства и 260 жители.

Во средината на 1920-те години според Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се доселени Понтски грци кои пребегнале од Турција. Во 1928 година селиото е претставено како бегалско со 39 семејства и 122 жители.

Во 1927 година името на селото е сменето во Кендро, што во превод значи центар.

Стопанство Населението во селото се занимава со производство и делумно со сточарство

Демографија

Културни и природни знаменитости Венечки мост — стар камен мост кај селото

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Гребен

Категорија:Гребен (општина)