Богородица (познато и како Ениќој или Јениќој; , Доркада; до 1927 г. Γιανίκιοϊ, ЈениќојΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Βερτίσκος) — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 330 жители (2021).

Географија и местоположба

Селото е сместено во источните делови на планината Круша на околу 30 километри североисточно од Солун над преминот меѓу Богданска Планина и Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 482 метри.

Во XIX век Богородица е село, кое припаѓало кон Лагадинската Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 95 семејства со 110 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 МакедонциBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197.

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 56 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 99 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било преименувано во Доркада.

Население

Во 1928 година селото броело 1090 жители., додека во 1940 година селото броело 1473 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1518 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1417 жители, во 1971 година имало 1198 жители, во 1981 година имало 1274 жители, додека во 1991 година имало 1391 жител. Денеска, населението на селото е 372 жители според пописот од 2001 година.

Наводи

Категорија:Лагадина