Гнојна (, Палеохора) — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина на Солунскиот Округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото се наоѓало на неколку километри јужно од Ново Село, во непосредна близина на Гвоздово и јужно од Богородица.

Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гниона (Gniona) било село село со 24 домаќинства на 98 жители Македонци.

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Гнојна живееле 75 лица, кои тој погрешно ги нарекува „Грци“. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Гнојна (Gnoïoïana) имало 240 жители Македонци под Цариградската патријаршија.

Според Анастасија Каракасиду Гнојна била чифлик каде

Жителите на околните села сведочат дека населението на Гнојна било „словенојазично“, во чиј прилог одат презимињата на луѓето што живееле во него пред крајот на османлиското време. Според раскази за време на грчката вооружена пропаганда селото настрадало од андартските чети и дел од неговите жители се преселиле во Гвоздово, а македонските четници ги евакулрале старите лица од Гнойна во соседното Ајватово — значајно македонско упориште во регионот.Каракасиду, стр. 66-67, 92

Потомок на старо семејство од Гнојна си споменува:

Голем дел од жителите на селото го напуштиле во 1905 г. На пописот од 1913 г. неговото население заедно со она на Богородица броело 56 жители. Во следните децении тука спорадично се доселувале групи на бегалци од немирите — како Македоннци, така и Грци. Последните жители на селото биле семејство Каракачани кои го напуштиле во 1949 г., по што Гнојна постепено е претворена во обработливо земјиште.Каракасиду, стр. 158-159

Наводи

Категорија:Историски села во Лагадина