Ѓувелци (Ѓувелџа, Ѓуверџе; ) — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаKallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 г. Ѓувелци било дел од општина Маслар.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 31 километри западно од Ставрос и 52 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа во јужното подножје на Богданска Планина (Кердилија), на јужниот брег од Мавровско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 395 метри.
Угурли опфаќа површина од 48 квадратни километри.
Историја
Во XIX век Ѓувелци било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија, додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови.
Во 1928 година селото било преименувано во ФиладелфиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο.
Според наредбата од 12 април 1930 година, селото претставувало самостојна општина во Лагадинската околина, во чиј состав влегувале и селата Канџа и Нуда.
Денес, населението на селото главно се занимава со земјоделство и сточарство.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 83 семејства и со 317 жители., додека во 1940 година селото броело 577 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 550 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 679 жители, во 1971 година имало 499 жители, во 1981 година имало 357 жители, додека во 1991 година имало 403 жители а во 2001 имало 333 жители. Денеска, населението на селото е 220 жители според пописот од 2011 година.
Знаменитости Црква „Св. Димитриј“ од 1981 г.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик
Категорија:Бешик