Бошовци или Карабунар (, Мавропиги; до 1927 г. Καραμπουνάρ, Карабунар) — иселено село во Кајларско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Еордеја на областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото напуштање во септември 2011 г.ΦΕΚ Τεύχος Αναγκαστικών Απαλλοτριώσεων και Πολεοδομικών Θεμάτων 234/2011 било населено со македонско мнозинство. Населението броело 456 жители (2011).
Географија и местоположба Селото се наоѓало во областа Сариѓол, на 10 км југоисточно од градот Кајлари, во северисточното подножје на планината Сињак, на надморска височина од 740 м. На југ е планината Карталдаг во Кожанско.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Бошовци било мешано македонско-турско село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бошувци (Bochuvtzi) било село во Џумалиската каза со 150 домаќинства и 430 жители Македонци и 58 муслимани.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Бошовци:Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов го посетил Кајларско и забележал дела Бошовци (Кара-бунар) било македонско село. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бошовци (Кара Бунар) имало 290 жители, од кои 210 Македонци и 80 Турци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Карабунар (Бошовци) се води како мешано македонско-турско село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот санџак со 65 куќи.
Според грчка статистика од 1904 г. во Карабунар живееле 100 Турци и 320 „Грци“.Κωνσταντίνος Σπανός. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
На почетокот на XX век целото население на Бошовци потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бошевци имало 320 Македонци, сите под патријаршијата.
Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучил во Македонско-одринските доброволни чети.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 471 жител. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 473. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на негово место се деоведени 48 бегалски семејства или според други извори 40 семејства со 164 бегалци. така што селото станало мешана населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Мавропиги (Μαυροπηγή), во превод „црн извор“.
Во документ на грчките училишни власти од 1 декември 1941 г. се посочува дека словенското (македонското) население имало двотретинско мнозинство, а останатата една третина биле грчки бегалци од Мала Азија и Кавказ.Цитирано по Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, мит или реалност, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 235. Иако селото прилично настрадало за време на Втората светска војна, во пописот од 1951 г. имало 791 жител.
Во 1970-тите години властите соткриле големи лежишта на јаглен во колината. Во септември 2011 г. рударското претпријатие го откупило земјиштето заедно со градбите и тука го проширил јагленокопот, додека сè уште е во тек преселбата на жителите.
Стопанство Бошовци било мошне богато село кое произведувало жито, а бидејќи располагало со планински пасишта било застапено и сточарството.
Население
Личности Родени во Бошовци
Дине Арашов (1885 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, I чета на X Прилепска дружина
Поврзано
Сариѓол
Наводи
Надворешни врски
Историја на Бошовци Информација за општина Кајлари
Категорија:Еордеја