Елевиш или Елеово (, Левеја; до 1988 г. Λακκιά, Лакија; до 1926 г. Έλλεβη, ЕлевиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Έλλεβη -- Λακκιά) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 919 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.
Географија Селото е сместено во котлината Сариѓол, 2 км северно од Чалџиево и 6 км југоисточно од Суровичево.
Историја Во Ооманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 Елевиш (Elevich) е село во Џумалиската каза со 20 домаќинства и 48 жители Македонци,„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 98-99. што најверојатно е погрешно.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Елевиш:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Елевиш имал 700 жители Турци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Елевиш се води како чисто турско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 100 куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 779 жители, кои во 1920 г. нараснале на 986. Во 1920-тите по сила на Лозанскиот договор жителите се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле грчки колонисти, претежно од Понд, Тракија и Мала Азија.
Во 1926 г. е преименувано во Лакија, а во 1988 г. во Левеја. Во 1928 г. Елевиш е заведено како наполно дојденско село со 973 жители од 232 семејства. Во 1940 г. нивниот број се намалил на 883 поради преселувања во други села. Во 1960-тите и 1970-тите имало уште иселувања од селото, поради што населението дополнително се намалило, за да се поврати на 1.022 лица во 1991 г. Во следните десетлетија е забележано уште едно опаѓање и повторен повраток на бројот на жители.
Население
Стопанство Во селото се одгледува жито, леќа, и грозје, а делумно е застапено и говедарството.
Поврзано Сариѓол
Наводи
Категорија:Суровичево