Трепишта или Требишта (, Агиос Христофорос; до 1927 г. Τρέπιστα, Треписта, ) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот Округ, Грција. Населението се состои од една третина староседелски Македонци и две третини грчки доселеници од Мала Азија.

Географија Селото се наоѓа на надморска височина од 670 м, на 4 км источно од Кајлари. Лежи во подножјето на планината Каракамен.

Историја

Средновековие Во средниот век на местото на Трепишта имало голем град со околу 10.000 жители и 22 цркви. Го носело името Пречиста, а византиската управа го водела по грчки како Панагија.История на Агиос Христофорос . Во IX и X век градот наизменично преоѓал од словенска во грчка (византиска) управа и обратно.

Градот е срушен од турска војска на крајот од XIV век. Според легендата, за време на османлиското освојување една икона на Богородица во црквата на манастирот „Св. Христофор“ почнала да плаче и солзите оставиле траги по камениот ѕид. Таа плоча долго време е предмет на поклонение во Трепишта.

Во Османлиското Царство На крајот од XIX век Трепишта било мешано македонско-турско село, чии турски жители биле преселници од Конија. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Трепишта:

Во 1893 г. Атанас Шопов го посетил селото и го забележал како македонско. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трепишта имало 280 жители Македонци и 250 жители Турци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дребена е претставено како чисто македонско во Кајларската Каза на Сефичкиот Санџак со 30 куќи.

Според статистиката од 1904 г. Трепишта (Τρέπιστα) имало 100 христијаниГрчкиот извор тенденциозно ги нарекува „Грци“. и 300 Турци.

Во 1902 г. селото прешло под црховенството на Бугарската егзархија, но по два месеца под притисок на грчките чети, селото се вратило под Патријаршијата. Подоцна бугарската пропаганда зела поголем замав и селото одново останало егзархиско, по податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото има 256 Македонци егзархисти и во него работело бугарско училиште.

Во Грција Во 1913 г. селото е припоено од Грција согласно Букурешкиот договор. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека околу Првата светска војна Трепишта имало 40 македонски и 60 турски куќи. Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор турското население е иселено во Турција, а во селото се доведени Грци од Понт во Мала Азија, Турција. Така, во 1928 г. селото забележано како мешано македонско-грчко село, од кои 467 (107 семејства) биле грчки дојденци, а остатокот месни Македонци. Во 1927 г. Трепишта е преименувано во Агиос Христофорос (во прев. Свети Христофор). Во документ на грчката училишна управа од 1 декември 1941 г. се вели дека во Трепишта живеат 60 македонојазични семејстваНарекувајќи ги „бугаројазични“ согласно грчката политика на негирање на македонскиот идентитет. и 100 дојденски од Понт. Според Тодор Симовски, соодносот меѓу мештаните и дојденците бил 1 на 3.

+ Месности во Трепишта преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Баглар Тепе Μπαγλάρ Τεπέ Палиамбела Παληάμπελαвозвишение на Ј од Трепишта Копалца Κοπάλτσα Ксиропотамос Ξηροπόταμοςрека на С од Трепишта Карлупово Καρλούποβο Анатоли Ανατολήврв на Каракамен на ИСИ од Трепишта (825 м) Балабан Μπαλαμπάν Какотопос Κακότοποςмесност на СИ од Трепишта

Стопанство Бидејќи лежи сред поле, има мошне плодна почва, населението е богато и се занимава со земјоделство. Главни производи се жито, тутун и други земјоделски производи, додека сточарството поради ограничените пасишта е послабо развиено.

Наводи

Надворешни врски Трепишта на порталот на поранешната општина Света Петка Историја на Трепишта Историја на Трепишта Информации за поранешната општина Света Петка

Категорија:Еордеја