Коркутово или Коркут ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Κιορκούτ — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 11 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 213 метри.
Кара Махмутли опфаќа површина од 45 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Коркутово се состоело од 90 семејства и 265 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Коркут имало 820 жители муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166..
Во текот на Балканските војни, селото настрадало од страна на грчките војски.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Терпилос.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 848 жители бегалци, додека во 1940 година селото броело 1257 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1040 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1019 жители, во 1971 година имало 708 жители, во 1981 година имало 734 жители, додека во 1991 година имало 605 жители. Денеска, населението на селото е 73 жители според пописот од 2001 година.
Денеска, населението на селото е 600 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Кукуш