рамка|десно|Џек Лондон Џек Лондон ( — ) — американски писател, најпознат по своето дело „Повикот на дивината“. Тој бил еден од првите Американци кои направиле профитабилна кариера исклучиво од пишување. Џек Лондон

Животопис Џек Лондон бил напуштен од татко му, Вилијам Хенри Чејни. Бил одгледан во Оукленд од страна на мајка му Флора Велман, која била учителка и духовник. Бидејќи Флора била болна, Џек во текот на првите години од својот живот бил одгледан од една поранешна робинка, Вирџинија Прентис, која останала да претставува значајна мајчинска фигура како што момчето растело. Кон крајот на 1876 година, Флора се омажила со Џон Лондон, делумно онеспособен воен ветеран од Американската граѓанска војна. Семејството се селело неколкупати пред да се населат во Оукленд, каде Џек го завршил основното училиште. И покрај тоа што семејството припаѓало на работничката класа, тоа не живеело во толку голема сиромаштија како што забележуваат подоцна сведочењата на Лондон.

Биографот Клерис Штац и други веруваат дека таткото на Џек Лондон бил астрологот Вилијам Чејни. Останува непознато дали Велман и Чејни биле законски во брак. Поголемиот број граѓански досиеја од Сан Франциско биле уништени во земјотресот од 1906 година (од истите причини, не се знае со сигурност кое име се јавува во Изводот на раѓање). Штац забележува дека Чејни во своите мемоари се осврнува на мајката на Џек Лондон, Флора Велман, како негова „сопруга“, и исто така наведува еден оглас во кој Флора се нарекла себеси „Флоренс Велман Чејни“.

Џек Лондон е роден во Сан Франциско. Неговата родна куќа изгорела во пожарот кој следел по земјотресот во 1906 година. Лондон во главно се образовал самиот, и тоа најчесто само преку читање книги во јавната библиотека. Во 1885 година, тој го пронашол и прочитал долгиот викторијански роман „Сигна“ од Уида, во која се опишува животот на едно необразовано селанче кое стекнува слава како композитор на опери. Лондон го навел ова како посејување семе за неговите литературни аспирации.

Во 1889 година, Лондон почнал да работи 12 до 18 часови дневно во една фабрика за конзервирање храна. Барајќи начин на бегство од оваа исцрпувачка работа, тој позајмил пари од неговата маќеа, афроамериканката Вирџинија Прентис, купил брод од еден пират, и потоа тој самиот станал пират на школки. После неколку месеци, неговиот брод бил многу оштетен и не можел да се поправи. Затоа се свртел од страната на законот и станал член на Рибната патролна служба на Калифорнија. Во 1893 година заминал на пловење во Јапонија, па откако се вратил, станал скитник, заради што во 1894 година поминува 30 дена во поправен дом во Бафало.

После поголем број доживувања како скитник и како морнар, тој се вратил во Оукленд и го посетувал Средното училиште на Оукленд, каде дал придонес во создавањето на голем број статии за списанието на училиштето, Закрила. Неговото првообјавено дело било „Тајфунот вон бреговите на Јапонија“. Ова дело е сведочење за неговите морнарски доживувања и искуствa. Лондон очајно сакал да студира на Универзитетот на Калифорнија и, во 1896 година, откако поминал едно лето интензивно учејќи, и го сторил тоа; но финансиските околности го приморале да ги напушти студиите во 1897 година, па така никогаш не дипломирал. Кингман забележува дека „не постои запис кој би докажал дека Џек има воопшто пишувано нешто за студентските изданија таму“.

Додека живеел во својата изнајмена викендица на езерото Мерит во Оукленд, Лондон го сретнал поетот Џорџ Стерлинг и со време тие станале најдобри другари. Во 1902 година, Стерлинг му помогнал на Лондон да најде дом поблиску до неговиот во Пидмонт. Во своите писма, Лондон му се обраќал на Стерлинг со „Гркот“ поради неговиот орловски нос и класичен профил, и ги потпишувал овие писма со „Волкот“. Лондон подоцна го опишувал Стерлинг преку ликовите на Рас Брисенден во својот автобиографски роман Мартин Идн (1909) и на Марк Хол во Месечевата долина (1913).

Подоцна во животот, поради своите широки интереси, Џек Лондон си допуштил себеси лична библиотека со 15.000 изданија, нарекувајќи ги своите книги „алатките на мојот занает“.

На 25 јули 1897 година, Лондон и неговиот зет, Џејмс Шепард, отпловиле за да се придружат на трката по злато во Клондајк, каде подоцна ќе ги направи своите први успешни раскази. Времето поминато таму, меѓутоа, се покажало како прилично штетно по здравјето на Лондон. Како и многу други луѓе во оваа трка, така и тој се хранел неправилно и се здобил со скорбут. Неговите непца отекле, што на крај довело до губење на четири предни заби. Трпел постојана нагризувачка болка во стомакот и мускулите на нозете, а лицето му било накажано со лузни што засекогаш ќе го потсетува на битките со кои се соочил во Клондајк. За негова среќа, како и за среќа на останатите што страдале од различни болести, отец Вилијам Џаџ, „Светецот од Досон“, имал објект во Досон, којшто им овозможил засолниште, храна и секој лек што бил достапен во тоа време. Лондон ги преживеал тешките патешествија на Клондајк, и овие борби го инспирирале пишувањето на она што често се нарекува негов најдобар краток расказ, Палење на оган.

Сопственици на неговиот имот во Досон биле двајца рударски инженери образовани на Јеил и Стенфорд, Маршал и Луис Бонд. Нивниот татко, судијата Хајрам Бонд бил богат рударски инвеститор. Бондови, особено Хајрам, биле активни Републиканци. Во дневникот, Маршал Бонд наведува пријателски спаринг по однос на политички прашања за време на слободното време во кампот.

Џек го напуштил Оукланд со верба во работната етика со социјална свест и социјалистички наклоности, па се вратил како активен поддржувач на социјализмот. Тој исто така заклучил дека својата единствена надеж за бегство од работната замка била во стекнувањето образование и „продавањето на неговите мозоци“. Во текот на животот, тој гледал на пишувањето како кон бизнис, како негов билет за излез од сиромаштијата и, се надевал, како средство за победа над богатите во нивната сопствена игра.

На неговото враќање во Оукланд во 1898 година, Лондон почнал сериозни битки за да излезе во печат, а оваа битка знаменито ја опишал во својот роман „Мартин Идн. Неговиот првообјавен расказ е финиот и често антологизиран „Трагање по човекот“. Кога „Оверленд Mантли“ му понудил само 5 долари за него – а плаќањето било и многу бавно – Џек Лондон дошол на работ од напуштањето на својата писателска кариера. Употребувајќи ги неговите зборови, „јас бев буквално и книжевно спасен“ Блек кет го прифатила неговиот расказ „Илјада умирања“ и му исплатила 40 долари – „првите пари што било кога ги имам добиено за расказ“.

Џек Лондон имал среќа во погодувањето на времето на својата писателска кариера. Почнал да ја гради токму во времето кога новите печатарски технологии овозможиле производство на списанија по ниска цена. Ова резултирало со навала на популарни списанија за пошироката јавност, и силно развиен пазар за кратката фикција. Во 1900 година, Џек Лондон заработил 2.500 долари како писател, што е можеби еквивалент на денешни над 200.000 долари. На тој начин, неговата кариера успешно тргнала по нагорен пат.

Меѓу делата кои им ги продавал на списанијата бил еден краток расказ познат или како „Батар“ или како „Ѓаволски“ во две изданија на истиот основен расказ. Еден суров француски Канаѓанец го брутализира своето куче. Кучето, поради одмазда, го убива човекот. Лондон бил критикуван за опишување на кучето како олицетворение на злото. Но, тој на некои од своите критичари им рекол дека главната причина за однесувањето на животните е однесувањето на човекот, и дека ова ќе го докаже во некој друг свој краток расказ.

Овој краток расказ за „Саботниот вечерен лист“, „Повикот на дивината“, отишол подалеку по својата должина. Дејството на приказната започнува на имот во долината Санта Клара, каде учество зема едно мешано бернардинско-овчарско куче, наречено Бак. Всушност, почетната сцена е опис на фарма на семејството Бонд, а особините на Бак се преземени од оние на едно куче кое на Лондон му го позајмиле неговите газди во Досон. Лондон го посетил Маршал Бонд во Калифорнија, повторно налетувајќи на него за време на едно политичко предавање во Сан Франциско во 1901 година. Неколку фасцинантни факти за Џек Лондон!

Првиот брак (1900–1904) Џек Лондон се оженил со Бес Мадерн на 7 април 1900 година, истиот ден кога бил објавен Синот на волкот. Бес била дел од кругот на негови пријатели повеќе години. Штац вели: „И двајцата јавно признаа дека не стапуваат во брак од љубов, туку поради пријателство и верување дека ќе создадат снажно и отпорно потомство“. Кингман забележува: „двајцата се чувствуваа пријатно заедно ... Џек јасно и предочи на Беси дека не ја сака, но дека ја сака доволно за да создаде успешен брак“.

На 24 јули 1903 година, Џек Лондон ѝ кажал на Беси дека ја напушта и се иселил; во текот на 1904 година, Џек и Беси преговарале за условите под кои ќе се одвива разводот, па одлуката била потврдена на 11 ноември 1905 година.

Вториот брак Откако се развел од Мадерн во 1904 година, Лондон се оженил за Чармијан Китреџ во 1905 година. Биографот Рас Кингман ја нарекол Чармијан „партнер по душа на Џек, секогаш на негова страна, и совршен спој“. Времето што го поминале заедно вклучувало бројни патувања, вклучувајќи и крстосување во 1907 година со јахтата Снарк до Хаваи и потоа кон Австралија. Многу од расказите на Лондон се засновани за време на неговите посети на Хаваите, последниот пат 8 месеци почнувајќи во декември 1915 година.

Тие се обиделе да имаат деца. Меѓутоа, едно дете умрело за време на породувањето, а за време на друга бременост се случило Чармијан да пометне.najubavite-misli-na-dhek-london

Обвинувања за плагијаторство Џек Лондон бил обвинуван за плагијаторство повеќепати за време на неговата кариера. Тој бил ранлив, не само поради тоа што бил толку забележителен и успешен писател, но исто така и поради неговите методи на работа. Во едно писмо до Елвин Хофман напишал: „изразот, знаете – со мене – е многу полесен од пронајдокот“. Тој купувал замки, т.е. сплетки за раскази и романи од младиот Синклер Луис. И ги употребувал случувањата од исечоците на весници како материјал на кој ги базирал своите раскази.

Егертон Р. Јанг тврдел дека „Повикот на дивината“ бил преземен од неговата книга Моите кучиња во северните краишта. Одговорот на Џек Лондон се состоел во признавање дека го имал употребено како извор; тој дури тврди дека му пишал и писмо на Јанг со кое му се заблагодарува за тоа.

Најсериозниот инцидент ја вклучува Глава 7 од „Железната пета“, насловена како „Визијата на бискупот“. Ова поглавје било скоро идентично со ироничниот есеј што Френк Харис го објавил во 1901 година, насловен како „Бискупот на Лондон и јавната моралност“. Харис бил разбеснет и предложил тој да добие 1/60-ти дел од средствата стекнати на име авторски права од „Железната пета“, оспоруваниот материјал содржел отприлика толкав дел од целиот роман.

Политички гледишта Џек Лондон станал социјалист на возраст од 21 година. Уште пред тоа, тој поседувал оптимизам поради своето здравје и сила, тежок индивидуалец кој работел напорно и го гледал светот како нешто добро. Но, како што наведува во својот есеј, „Како станав социјалист“, неговите социјалистички погледи почнале да се создаваат откако му се отвориле очите пред припадниците на социјалното дно. Неговите оптимизам и индивидуализам избледеле и се заколнал никогаш повеќе да не работи понапорно од она што е потребно. Пишува дека неговиот индивидуализам бил истеран од него и тој повторно се родил како социјалист.