Чоколово или Чокали ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 25 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 25 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 249 метри.
Чоколово опфаќа површина од 18 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чоколово се состоело од 30 семејства и 95 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Чоколово имало 250 жители-муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 167..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Перистери. По потпишувањето на Лозанскиот договор, муслиманското население од селото било принудено да го напушти селото, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 166 жители-бегалци., додека во 1940 година селото броело 274 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 249 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 238 жители, во 1971 година имало 203 жители, во 1981 година имало 239 жители, додека во 1991 година имало 198 жители. Денеска, населението на селото е 185 жители.
Стопанство
Бидејќи самото село се наоѓа во Солунското Поле, тоа е богато со пченица. Населението се занимава и со сточарство и одгедување на тутун.
Наводи
Категорија:Кукуш