Хаџи Јунус (, Ставрохори, до 1927 Χατζηγιαννούς, Хаџи Јунус)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σταυροχώρι- Παρόχθιο — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 8 километри западно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 88 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хоџа Маало се состоело од 30 семејства и 100 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хоџа Маало имало 250 жители муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 283 жители, додека во 1920 година 364 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители. Во 1926 година, селото било преименувано во Ставрохори.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 449 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 736 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 736 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 686 жители, во 1971 година имало 492 жители, во 1981 година имало 529 жители, додека во 1991 година имало 523 жител. Денеска, населението на селото е 481 жител според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Кукуш