Грамошта или Грамушта (на костурски дијалект: Грамушча; или Γράμος, Грамос; до 1927 г. Γράμμοστα, Грамоста,Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γράμμοστα -- Γράμμος ) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 10 жители (2021). Претставува најзападно населено место во Егејска Македонија.
Географија и местоположба Селото се наоѓа 70 км југозападно од градот Костур, високо во пазувите на планината Грамошта (грцизирано: Грамос), на надморска височина од 1.390 м. Во близина на селото е сместено планинското езеро Гиздово. Во непосредна близина е границата со Албанија. Атарот зафаќа површина од
Историја Селото изворно било македонско, но пред повеќе од три века, во немирни времиња, населението било приморано да се пресели во близина на Горно Дреновени, основајќи истоимена населба. Во втората половина на XVIII век селаните го напуштиле и ова село, прибирајќи се во Горно Дреновени. На нивно место се во Грамошта се населиле Власи.
Во 1769 г. арнаутските банди го уништиле селото, заедно со соседните Линотопи, Ветерник, Пискохор, Лагор, Омотско и Загар.Ανάτυπον από το Λεξικογραφικόν Δελτίον, σ.52 -Τομ. ΚΕ΄, Αθήνα 2005 της Ακαδημίας Αθηνών.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Грамосъ (Грамости) има 160 жители Власи.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266. За време на Илинденското востание во селото влегла големата чета на војводата Васил Чакаларов, која со радост била дочекана од влашкото население. Селото било нападнато од арнаутски башибозук и успешно одбранета од четата на ВМОРО.Дневник на Киряк Шкуртов, во: Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 65.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Грамош се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 30 куќи.
Во 1905 г. според грчка статистика, селото имало 450 жители, а населението е лажно наведено како „грчко“. Во пописите од 1913 и 1920 г. се води како напуштена населба. Пописот од 1928 г. дава 13, а оној во 1940 г. — 55 жители, сите од машки пол, што значи дека се работи за сточари кои напасувале добиток, а не за трајни жители.
Население Бројот никогаш не може точно да се определи, бидејќи жителите постојано се раселуваат.
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Грамошта со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Грамошта, каде е единствено населено место.
Стопанство Селото се користи само во летниот период бидејќи преку зимата нема услови за живот и опстанок на стоката. Се одржуваат непрекинати економски врски со гратчето Хрупишта.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Нестрам Категорија:Грамошта