Лудово (, Крија Нера; до 1926 г. Λούδοβο, Лудово) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 5 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Костенарија, околу 10 км југозападно од градот Рупишта, на левиот страна на реката Галешово, на надморска височина од 730 м.
Историја
Во Отоманското Царство Според Тодор Симовски во минатото селото се наоѓало под денешната локација, односно било поблизу до Рупишта, но бидејќи постојано трпело напади од разбојнички банди, селаните го напуштиле и изградиле куќи до турскиот конак и станале чифлигари на бегот.
Црквата „Св. Атанасиј“ потекнува од средниот век, но е слабо прочуена.
Во даночните записници од средината на XV век Лундово е споменато со 18 глави на семејства, двајца неженети и три вдовици: Рајко, Тодор, Мано, Тодор, Димо, Петкос, Крушо, Јорг, Јорг, Никола, Томо, Димос, Добри, Дабижив, Велчо, Рајко, Димо, Герг, Кала, Кала и Варуна. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.593 акчиња.Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 86
Во XIX век Лудово било македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Лудово имало 168 жители, сите Македонци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лудово е чисто македонско село во Костурската Каза со 13 куќи.
На почетокот на XX век целото население на Лудово било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лудово има 160 Македонци под влијание на егзархијата.
Според грчки извори, во 1905 г. во Лудово имало 130 жители „Грци“.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kria Nera . Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 8 македонски семејства, а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка.
На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Лудово е означено како македонско село.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 59 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 61. Во 1926 г. името на селото било променето во Крија Нера (Κρύα Νερά), што значи „студени води“.
Во 1919 г. 1 жител на Лудово се иселил во Бугарија по официјален пат. Во селото имало 1 политичко убиство.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Лудово имало 17 куќи на Македонци христијани.
Селото настрадало за време на Втората светска војна од окупаторските власти.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Силно настрадало и во Граѓанската војна (1946-1949). Загинале извесен број селани, а 65 лица се преселиле во Македонија и источноевропските земји. 24 деца се испратени надвор од Грција како деца бегалци.
Есента 1959 г. жителите на Лудово биле принудени на масовна церемонија да дадат заклетва дека повеќе нема да говорат македонски.Весник „Фони тис Касторијас“, 4 октомври 1959: „Во текот на последниве два месеца жителите на неколку села во Северна Грција на официјални масовни церемонии изјавија дека ќе престанат да го зборуваат словенскиот дијалект [т.е. македонски јазик] и во иднина ќе зборуваат само на грчки. Првата церемонија се одржа во селото Кардија [Требино], Еордејска околија на Кожанскиот Округ, кое според пописот од 1951 г. има 692 жители. Церемонијата е спроведена и во други села како Крија Нера [Лудово] од општината Лакомата [Старичани] во Костурскиот Округ (41 жител) и Атрапос [Крапешино] од Леринскиот Округ (466 жители).“
Стопанство Селото се смета за сиромашно, поради што жителите во минатото оделе на печалба и работеле како општи работници и мелничари. Машкото население одело на печалба во внатрешноста на Грција.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Старичани, во кој влегуваат селата Госно и Старичани.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Атанасиј“ — средновековна црква
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Рупишта