Бранислав Саркањац (р. Скопје, 14 април 1958) — македонски филозоф, универзитетски професор, социополитички аналитичар и колумнист од конзервативно убедување.
Животопис Саркањац е роден во Скопје во 1958 година, каде што ги завршил сите степени на своето образование. По татко има српско и шокачко потекло од Барања, Хрватска, додека по мајка води потекло од Миравци, Гевгелиско и од Кукуш. Во 1987 година истражува во Лондон, во Британската библиотека. Во 1989 година е во Лајпциг каде што најмногу работи во Германската национална библиотека. Интересно е неговото сведоштво од Источна Германија во таа историска година. Како што вели самиот: „Целата 1989 година, во Лајпциг, Берлин и Дрезден го гледав подготвувањето на рушењето на Берлинскиот ѕид“, Ги издвојува Серен Кјеркегор и Лудвиг Витгенштајн како мислители кои најмногу го одредиле неговиот начин на аргументација. Самиот укажува дека студијата на Даниел Канеман и Амос Тверски, од 1974 година, за тоа како луѓето донесуваат судови во услови на неодреденост, ја нашол најголемата поддршка во истражувањето на односот на поединецот спрема идеологијата. Бранислав Саркањац, заедно со Небојша Вилиќ и Бојан Иванов, се јавува како еден од иницијаторите и основачите на интелектуалната групација 359 степени – Мрежа за локални и субалтерни херменевтики чија основна цел е „пренасочување на императивните дискурси на Исток-Запад кон локалната сцена и нејзината локална прагматика“, како и „промоција на локалните и сопствените ресурси и нивно поставување“,кои не се во функција на западните интерпретативни методологии“ . Саркањац бил редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје каде ги предавал предметите Филозофија на политиката, Социологија на медицина, Социологија на здравјето и болеста и Современи теории на управување. Работел и како советник во македонската влада. Активен бил во локалната власт како советник и претседател на комисијата за образование во Општина Центар. Неделниот весник „Глобус“ го вброил меѓу стоте највлијателни луѓе во Македонија.
Библиографија „Дома — Идејата на конзервативизмот“, Макавеј, Скопје, 2011. „Социологија на здравјето и болеста“, Скопје, 2010 (соавтор Стефан Костовски) „Идеологијата и поединецот“ , Макавеј, Скопје, 2009 „По свое – македонски катахрезис или како да се зборува за Македонија“ , „Макавеј“, Скопје, 2009 Komsi-Kapicik Oltre il multiculturalismo. Politica e cultura a cura di Branislav Sarkanjac „Македонски катахрезис“, 359, Скопје, 2001 „Корени и ризоми“, 2001 (коедитор со Б. Иванов) Комши-капиџик. Култура и Политика (приредувач), 359° - Мрежа за локални и субалтерни херменевтики, Скопје, 2000. „Јавно здравје и здравствена реформа - Политички и социолошки перспективи“, Филозофски факултет - Институт за здравје и општество Скопје, 2008 Branislav Sarkanjac, On Regional Identity „Социологија на медицината“, 1999 (соавтор со С. Костовски) „Идеологијата и субјективитетот“, Скопје, 1993
Преводи Лудвиг Витгенштајн, „Јазикот и јазичните игри“ во: Иван Џепароски (приредил), Естетика на играта, Култура, Скопје, 2003. Лудвиг Витгенштајн, Логичко-филозофски трактат, Магор, Скопје, 2002 („Подарокот на Витгенштајн“ – предговор кон преводот). Валтер Бенјамин, Задачата на преведувачот, објавен во LETTRE INTERNATIONALE 8, 1997, Скопје., стр. 39-46. (превод од германски).
Наводи
Интервјуа со Саркањац Интервју со Бранислав Саркаќац за Македонско Сонце
Надворешни врски Бранислав Саркањац, НАЗАД КОН МИСИРКОВ Прашањето на народноста Elizabeta Šeleva, "Katahrestički čitajući Sarkanjca" Анастасија Ѓурчинова, „Македонија и постколонијалниот дискурс“ Зоран Бојаровски - ТВ-графит „Спонтан“ Дејан Буѓевац, „Македонската политичко-филозофска ситуација“
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Родени во 1958 година Категорија:Македонски филозофи Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски колумнисти Категорија:Конзервативизам во Македонија Категорија:Луѓе со потекло од Миравци Категорија:Луѓе со потекло од Кукуш