Assassin's Creed — акциско-авантуристичка/научнофантастична видеоигра од трето лице изработена од Ubisoft Montreal, а издадена од Ubisoft. Оваа игра била пуштена во продажба во ноември 2007 за играчките конзоли PlayStation 3 и Xbox 360, и во април 2008 за Windows. Дејството на играта се насочува околу направата „Анимус“, која му дозволува на нејзиниот корисник да ги преживее генетските мемории на неговите предци.

Со користењето на оваа направа се дознаваат детали за војната помеѓу витезите Темплари и Убијците, која се одвива околу мистериозниот артефакт познат како „Парче од рајот“. Дејствието во играта првенствено зазема место во Светата земја за време на Третата крстоносна војна во 1191 година. Играта се здоби со генерално позитивни критики, и освои повеќе награди на саемот Е3 во 2006. Продолжение под името Assassin's Creed II, беше издадено во ноември 2009.

Наводи

Надворешни врски

Официјалното мрежно место на Assassin's Creed The Assassin's Creed Wiki - Вики за серијалот Assassin's Creed

Категорија:Видеоигри од 2007 година Категорија:Assassin's Creed Категорија:Акциско-авантуристички игри Категорија:Нелинеарни видеоигри Категорија:Видеоигри со отворен свет Категорија:Видеоигри со прикривање Категорија:Видеоигри од Канада Категорија:Видеоигри што се одвиваат во Азија Категорија:Игри за PlayStation 3 Категорија:Игри за Xbox 360 Категорија:Игри за Windows