FreeCol е клон на играта „Колонизација“ (Colonization) од издавачот Sid Meier. Издадена под ГНУ-ва лиценца, FreeCol е слободна програма со отворен код.

FreeCol е програмски кодирана во Јава и би требало да биде независна од платформата на која се извршува. Во пракса, познато е дека функционира на Линукс и Windows, како и на Mac OS X (со некои ограничувања).

Во текот на февруари 2007 година беше проект на месецот на SourceForge.net.SourceForge.net: Проект на месецот

Играта има целосна поддршка на македонски јазик.

Извори

Надворешни врски Официјална страница The Linux Game Tome: FreeCol

Категорија:Потезни стратегии Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Mac OS X Категорија:Игри за Линукс Категорија:Сметачки игри