Тасманиски ѓавол (Sarcophilus harrisi) ― месојаден торбар кој живее само во дивината на Тасманија, островска држава во Австралија. Тасманискиот ѓавол е единствениот постоечки член од родот Sarcophilus. Со големина на мало куче, кус и мускулест, тој е најголемиот месојаден торбар во светот, по изумирањето на тасманискиот тигар (Thylacine) во 1936 година. Карактеристичен е по своето црно крзно, силната реа кога е под притисок, екстремно бучниот и вознемирувачки крик и крволочноста кога јаде. Познато е дека го лови пленот, но и се храни со мрши. Иако често е осамен, понекогаш е забележан како јаде заедно со другите тасманиски ѓаволи.

Тасманискиот ѓавол бил истребен од австралискиот континент пред повеќе од 3000 години, сега се наоѓа само на островот Тасманија. Бидејќи тие бил гледан како закана за добитокот во Тасманија, бил ловен сè до 1941 година, за потоа да биде официјално бил заштитен. Во мај, 2009 година, тасманискиот ѓавол е прогласен за загрозен, заради појава на тумор на делови од главата (особено устата), што во голема мера го загрозува неговиот опстанок. Во тек се програми за изнаоѓање начин да се спречи понатамошното изумирање на овој месојаден тобар.

Таксономија

Природонаучникот Џорџ Харис го напиша првиот објавен опис на тасманискиот ѓавол во 1803 година именувајќи го Didelphis ursina. Во 1838 година ѓаволот беше преименуван во Dasyurus laniarius од Ричард Овен, пред да се премести во родот Sarcophilus во 1841 година и именуван како Sarcophilus harrisii или „Харисовиот љубител на месо“ од Пјер Ботард. Понатамошната ревизија на таксономијата на ѓаволот објавена во 1987 година настојувала да ги промени имињата на видовите Sarcophilus laniarius засновани врз копнените фосилни забелешки од само неколку животни. Сепак ова не било прифатено од таксономната заедница во целост и името S.harrisi било задржано и S.laniarius се деградирало на фосилните видови. Филогенетичката анализа покажува дека ѓаволот е најблиску сроден со торбарите и најдалечен до изумрениот тасманиски тигар (Thylacine).

Физички опис

left|250px|thumb|Мустаќите на ѓаволот му помагаат да го открие пленот. Тасманискиот ѓавол е најголемиот преживеан месојаден глодач во Австралија. Има набиена и дебела конструкција, со голема глава и опашка која е речиси половина од неговата телесна должина. Ѓаволот собира телесна маснотија во опашката, затоа болните ѓаволи често имаат тенки опашки. Необично за глодач, неговите предни нозе се малку подолги од задните нозе. Ѓаволите можат да трчаат до 13 километри (8,1 милји) на час на кратки растојанија. Крзното е најчесто црно иако се вообичаени нерамномерни бели дамки на градниот кош и задникот. Мажјаците најчесто се поголеми од женките, имајќи просечна глава и телесна должина од 652 милиметри (25,7 инчи), со 259 милиметри долга опашка и просечна тежина од 8 килограми (18 фунти). Женките имаат просечна глава и телесна должина од 570 милиметри (22 инча), со 244 милиметри долга опашка и просечна тежина од 6 килограми (13 фунти). Просечното животно исчекување на тасманискиот ѓавол во дивината е предвидено на 6 години, иако тие може да живеат подолго во заробеништво. Ѓаволот има долги мустаќи на лицето и израстоци на врвот на главата. Тие му помагаат на ѓаволот да го открие пленот кога трага во темнината и помош при откривањето кога другите се близу во текот на хранењето. Кога е вознемирен, ѓаволот може да создаде јака миризба чија острина е конкурентна дури со таа на творот. Слухот му е доминантно чувство и исто така има одлично чувство за мирис. Откако ѓаволите ловат навечер, нивниот вид изгледа е најдобар во црно и бело. Во овие услови тие веднаш можат да откријат објекти во движење, но потешко гледаат неподвижни објекти. Анализата од силата на каснувањето на цицач во однос на големината на телото покажува дека ѓаволот има најјако каснување од било кој жив цицач (преку 5100 фунти на квадратен инч или 35.000 килопаскали) Моќта на вилицата е делумна поради неговата релативно голема глава. Тасманискиот ѓавол исто така има комплет од заби кои растат споро во текот на неговиот живот.

Размножување right|thumb|480px|Развојни стапки во созревањето на млад тасманиски ѓавол. Дијагоналните линии го покажуваат временскиот период кој го зафаќаат промените , на пример потребни се 41 ден за на ѓаволот да му израсне крзно по целото тело. Женките почнуваат да се размножуваат кога ќе достигнат полова зрелост, вообичаено во нивната втора година. Од овој момент, тие се плодни еднаш годишно, создавајќи повеќе јајце-клетки додека се во топло. Парењето се случува во март на заштитени места во текот на денот и ноќта. Мажјаците се борат за женки во сезоната на размножување и женките ѓаволи ќе се парат со доминантниот мажјак. Ѓаволите не се моногамни и женките ќе се парат со неколку мажјаци ако не се заштитени по парењето. Бременоста трае 21 ден и ѓаволите се породуваат со 20 до 30 младенчиња, секое тежејќи точно 0,18 до 0,24 грама. Кога младенчињата ќе се родат натпреварот е жесток како што се движат од вагината до торбата. Веднаш штом се во торбата, тие остануваат врзани за брадавица во следните 100 дена. Торбата на женката Тасмански ѓавол, слична на таа од вомбат (австралиски торбар), ретко се отвора, затоа физички е тешко за женката да делува со млади во торбата. Покрај големото легло при раѓањето, женката има само четири брадавици, затоа не повеќе од четири бебиња се храната во торбата и како што старее женката ѓавол се помали стануваат нејзините легла. Во просек повеќето женки преживуваат отколку мажјаците.

Во торбата нахранетите млади брзо се развиваат. На 15 дена надворешните делови од увото се видливи. Очните капаци се видливи по 16 дена, мустаќите на 17 дена и усните на 20 дена. На младите им расне крзно на 49 дена и имаат целосно крзно до 90 дена. Нивните очи се отвораат кратко по развивањето на крзното помеѓу 87 и 93 дена и нивните усни можат да го олабават држењето за брадавицата на 100 дена. Тие ја напуштаат торбата 105 дена по раѓањето, појавувајќи се како мали копии на родителот и тежејќи точно 500 грама (18 унци). За разлика од младите на кенгурот, младите ѓаволчиња не се враќаат во торбата, наместо, тие остануваат во дувлото за уште 3 месеци, прво ризикувајќи надвор од дувлото меѓу октомври и декември, пред да станат независни во јануари. Женките ѓаволи се зафатени со одгледување на нивните мали за цели шест недели од годината.

Екологија и однесување thumb|right|240px|Иако тасманиските ѓаволи се ноќни животни, тие сакаат да се одморат под сонцето. Тасманиските ѓаволи се распространети и прилично чести низ Тасманија, но брзо умираат од рак на лицето. Пронајдени во сите живеалишта на островот, вклучувајќи ги предградијата на урбаните области тие особено сакаат суви склерофилни (sclerophyll) шуми и крајбрежни кории. Тасманискиот ѓавол е ноќен и мрачен ловец, поминувајќи ги деновите во густа грмушка или во дупка. Малите ѓаволчиња можат да се качат на дрвјата, но ова станува се потешко како што растат поголеми. Ѓаволите можат и да пливаат. Тие се претежно повлечени животни и не формираат чопор. Заземаат територии од 8 до 20 км2 што може значително да се вклопи меѓу различни животни. thumb|left|Ѓавол јаде кенгур Тасманиските ѓаволи може да зграпчат плен со големина на мал кенгур, но во пракса тие се опортунисти и многу често јадат мрша отколку што ловат жив плен. Иако ѓаволот претпочита вомбати, тој најчесто јаде мали локални цицачи, домашни цицачи (вклучувајќи овци), птици, риби, инсекти, жаби и влекачи. Нивната исхрана е многу разновидна и зависи од достапната на храната. Во просек тие јадат 15 % од нивната телесна тежина секој ден, меѓутоа можат да изедат и до 40 % од нивната телесна тежина за 30 минути, ако за тоа им се укаже прилика. Тасманиските ѓаволи ги јадат сите делови од мршата, вклучително и коските и крзното, покрај месото и внатрешните органи. Во тој поглед, ѓаволот е корисен за тасманиските фармери, бидејќи со јадењето на мршите помага да се спречи ширењето на инсекти кои можат да пренесат зарази и со тоа да му наштетат на добитокот.

Иако тие ловат сами, јадењето е друштвен настан за тасманскиот ѓавол. Поголемиот дел од вревата својствена за животното е резултат од бучното заедничко јадење на кое може да се соберат до 12 единки и често може да се слушнат на далечина од неколку километри. Истражување за хранењето на ѓаволите препознава 20 физички карактеристики, вклучувајќи го нивното карактеристично пакосно прозевање и 11 различни вокални звуци кои ѓаволите ги користат да комуницираат додека се хранат. Тие обично остваруваат доминантност преку звукот и физичкиот став, иако доаѓа и до борба. Возрасните мажјаци се најагресивни и заплашувањето се практикува често во борбата за храна и партнер.

Заштитена состојба right|thumb|Во резерватот Хелсвил, Викторија Тасманија била последното засолниште на големите месојадни торбари. Сите поголеми месојадни торбари изумреле на континентот (Австралија), кратко по населувањето на луѓето. Само најмалите и најприлагодливите преживеале. Фосилен доказ од западна Викторија покажува дека тасманиските ѓаволи опстојувале на австралискиот континент скоро до пред 600 години (отприлика 400 години пред колониацијата на Европејците). Нивното исчезнување од континентот се припишува на крволочноста на дингата и на ловењето од страна на домородното население. Во Тасманија, далеку од дингата, месојадните торбари сѐ уште опстојувале кога пристигнале Европејците. Истребувањето на тасманискиот тигар (Thylacine) по доаѓањето на Европејците е добро познато, но исто така и тасманискиот ѓавол бил загрозен.

Првите тасманиски доселеници го ловеле тасманискиот ѓавол и го користеле за исхрана. Вкусот на неговото месо го опишале како телешко. Се верувало дека ѓаволите ловат и убиваат добиток, затоа во 1830 година се започнало со давање награди за негово истребување од фармите. Во наредните 100 години, фаќањето во стапици и труењето на тасманискиот ѓавол, го доведе до работ на истребување. По изумирањето на последниот тасманиски тигар (Thylacine) во 1936 година, беше согледана опасноста за опстанокот на ѓаволите. Тасманискиот ѓавол беше заштитен со закон во 1941 година и популацијата полека се повратила.

Најмалку две главни популации се загрозени, поради епидемија од болест која првпат се појавува во запишаната историја во 1909 година и потоа во 1950 година. Сега, популацијата на тасманискиот ѓавол е под надзор на Тасманиското министерство за основни индустрии и вода, и достигнува од 10000 до 100000 единки, со можни 20000 до 50000 возрасни единки. Главниот научник вклучен во програмата за надзор на тумор на лицето на ѓаволот, Хамиш Меккалум, нуди поскромна проценка за популацијата на овој месојадец, од најмалку 20000 до најмногу 75000 единки.

Болеста на ѓаволот - тумор на лицето Туморот на лицето кај ѓаволот предизвикува формирање тумори во и околу устата, што доведува до пречки при јадењето и евентуално води до смрт од изгладнетост. thumb|Tуморите, во и околу устата на тасманискиот ѓавол, го попречуваат нормалното хранење и на крајот доведуваат до смрт од глад.